Изненадете ги вашите домашни со вкусен и освежителен ролат со малини!

Превкусен ролат

Десерт што ќе ве воодушеви

Состојки:

За кората:

  • 6 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 6 лажици топла вода
  • 1 ванилин шеќер
  • 4 полни лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 2 полни лажици какао-прав
  • 10 г прашок за печиво

За филот:

  • 250 мл слатка павлака
  • 50 г шеќер во прав
  • 100 г крем-сирење
  • 10 г желатин
  • 150 г малини

За глазурата:

  • 100 г чоколадо
  • 100 мл млеко
  • 1 лажици какао-прав
  • 50 г путер

Приготвување:

1. За приготвување на кората, белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи шеќер и ванилин шеќер. Потоа се додаваат една по една жолчките и се додава топла вода во тенок млаз, со непрекинато матење со миксер.

2. Посебно се поврзуваат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, какаото и прашокот за печиво. Па се додаваат во смесата од јајца и полека се меша со лажица, да се поврзат состојките.

3. Плехот од рерната се обложува со хартија за печење и во него се додава смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 15 минути. Печената кора се витка во ролат со хартијата.

4. Филот се приготвува посебно. Слатката павлака се мати во шлаг, со постепено додавање шеќер во прав. Се додава крем-сирењето и кратко се миксира.

5. Желатинот се прелева со 4 лажици вода и се остава да набабри. Потоа се растопува на умерена температура, водејќи сметка да не зоврие, па се меша со две лажици од филот од сирењето и се меша. Смесата од желатин се додава во филот и се меша полека, да поврзат состојките.

6. Оладената кора се одвиткува, се премачкува со филот од сирење и во него се ставаат малините. Потоа кората се витка во ролат, па се става на послужавник со завршетокот свртен надолу.

7. За приготвување на глазурата се поврзуваат чоколадото, млекото, какаото и путерот, па се растопува на умерена температура. Се прелева преку ролатот и се остава да се зацврсти.

Извор: Добра храна

Десерт за попладневно уживање: Пробајте ги овие коцки со кафе и со лешници
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.