Необичен десерт: Чоколаден леб

Испробајте!

Брзо и едноставно, овој десерт ќе ги освои вашите срца!

Состојки:

  • 110 гр омекнат путер
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр кафеав шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 големи јајца
  • 120 гр павлака
  • 60 мл млеко
  • 160 гр брашно
  • 50 гр какао
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • ½ лажички сол
  • 100 гр сецкано чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Премачкајте го долгнавестиот калап за леб со путер или ставете хартија за печење.

Измешајте го путерот со екстрактот од ванила и шеќерот во мазна смеса. Додадете јајца, павлака и млеко и кратко измешајте.

Во друг сад измешајте ги сите суви состојки – брашно, какао, прашок за пециво, сода бикарбона и сол. Комбинирајте ги двете мешавини и промешајте со шпатула или дрвена лажица. На крај, додајте ги парчињата чоколадо и измешајте внимателно.

Истурете ја смесата во калап и печете ја 55-65 минути, додека чепкалката за заби што ја прободевте во средината не излегува чиста. Почекајте да се излади малку пред да го извадите лебот од калапот и да се излади целосно пред да се сече.

Прочитајте и: 5 предлога за лесен пролетен ручек: Евтино, брзо, хранливо, вкусно!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.