Милијардери чии деца ќе останат без парично наследство

Ќе го донираат своето богатство во хуманитарни цели

Со богатство од милиони, но и милијарди долари, многу ѕвезди решија да ги дадат своите пари на хуманитарни организации, откако ќе го напуштат овој свет.

Бил и Мелинда Гејтс, Мајкл Блумберг, Џорџ Лукас, Тед Тарнер и Ворен Бафет го потпишаа „Заветот на добродетели“, што значи дека ветија дека ќе донираат поголем дел од својата заработка, за време на нивниот живот или по смртта, во добротворни цели.

Ова е списокот на ѕвезди кои решиле да го направат овој чекор:

Кирк Даглас

Даглас решил да ги остави своите пари во фондацијата „Даглас”, која ја основал во 1964 година со сопругата. Парите се донирани на многу добротворни цели, вклучувајќи го храмот Синај во Лос Анџелес, театарот Кирк Даглас во Кулвер Сити, Детската болница во Лос Анџелес и универзитетот Сент Лоренс. Ниту едно од неговите деца, вклучувајќи го и актерот Мајкл Даглас, не доби ништо.

Џоан Крафорд

Кога почина Џоан Крафорд во 1977 година, две од четирите деца не добија ништо. Во нејзиниот тестамент, таа рече: „Мојата намера не е да го вклучам мојот син Кристофер или ќерка ми Кристина во ова, од причини што им се добро познати“. Наместо тоа, популарната актерка најголемиот дел од своите пари ги остави на хуманитарни организации како што се: Американското здружение за дистрофија на мускулатурата, Американското здружение за рак и др.

Џејмс Браун

Поради низа семејни спорови и правни проблеми, волјата на Џeјмс Браун се соочува со предизвици со години. „Кумот на соул музиката“ сакаше да даде дел од богатството на добротворни цели за финансирање на школарина за деца кои имаат потреба.

Бил и Мелинда Гејтс

Бил Гејтс, кој според списокот на „Форбс“, вреди 108 милијарди долари, вети дека најголемиот дел од своето богатство ќе го даде во добротворни цели. Со Ворен Бафет, тој создаде го потпиша „Заветот на добродетели“ што ги охрабрува славните и екстремно богатите луѓе да донираат поголем дел од своите пари во добротворни цели. Гејтс е познат по тоа што не ги разгалува своите деца. Бил еднаш рече: „Не е никаква услуга да им оставиме на децата огромно богатство. Уништува сè што можеа да направат сами, создавајќи свој пат“.

Остатокот од текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.