Најлесната и најсочната пита од јаболка: Без млеко, брашно и маргарин!

Брзо, вкусно и здраво

Најважниот дел од овој рецепт се – јаболката!

Стандардните состојки за тесто, во овој рецепт ги заменуваат јаткастите плодови, малку кокосово масло и овесни снегулки. Вреди да се проба оваа интересна варијација на пита со јаболка!

Состојки:
  • околу 1/2 кг јаболка
  • 100 г сомелени овесни снегулки
  • 75 кг сомелени лешници, бадеми или ореви (може и мешано)
  • 120 мл течност од компот (објаснување во продолжение)
  • 60 г шеќер (кафеав, кокосов, бел)
  • 50 г кокосово масло (може и обично)
  • 5 г прашок за печиво
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче мускатно оревче
  • 1 лимон
Приготвување:
  • Јаболката излупете ги и крупно изрендајте ги. Изренданите јаболка посипете ги со сок од лимон. Сите остатоци од јаболката, вклучувајќи ја и лушпата од јаболка, префрлете ги во помало тенџере, прелејте ги со 1 л вода, додајте малку цимет и мускатно оревче и варете 20 минути.
  • Сувите состојки измешајте ги со прашок за печиво, додајте јаткасти плодови и овесни снегулки (сомелени).
  • Од компотот од јаболка земете 120 мл и додајте им шеќер и кокосово масло, а потоа додајте ги и сувите состојки во тој дел. Сето тоа добро измешајте го и потоа додајте ги јаболката. Внимателно мешајќи префрлете ја смесата во калап за печење или во плех обложен со хартија за печење.
  • Печете околу 15 минути на 180 степени Целзиусови, а потоа намалете ја температурата на 150 и печете уште 15 минути (вкупно половина час).
  • Кога питата ќе биде готова, оставете ја да се олади малку пред сечење, а можете, по желба, да додадете одозгора шеќер во прав, топка од сладолед од ванила или шлаг.

Пита од лимон: Освежувачки десерт кој ќе ве освои на прво залче!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.