Мек шарен ролат: Ултрабрз десерт!

Превкусно!

Освен што изгледа феноменално, ќе ве маѓепса со вкусот!

Состојки:
  • 4 јајца
  • 80 г брашно
  • малку прашок за печиво
  • 40-50 мл масло
  • 50-100 г шеќер
  • 50 мл млеко
  • 1 лажица какао во прав

За филот:

  • 1 пудинг од слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер
  • 300 мл млеко
  • 50 г маргарин
  • 1 лажица шеќер во прав
Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте брашно со прашок за печиво, масло, млеко, па сето тоа изедначете го. Поделете ја смесата на пола. Во едната половина додајте какао, па добро измешајте. Обложете плех со хартија за печење, па прво сипете го светлиот дел и израмнете.

Одозгора додајте го темниот дел во млазеви, па полека израмнете. Со долниот дел на лажичката повлечете по дното прво надолжно, па хоризонтално, а потоа протресете. Печете на 190 степени околу 20 минути.

Печениот ролат префрлете го на штица и завтикајте го да се олади. Изматете маргарин со шеќер во прав. Сварете го пудингот, засладете го по желба, па оладете го сварениот пудинг. Измешајте го со изматениот маргарин.

Премачкајте го ролатот и повторно завиткајте го, па оставете го да се олади 2-3 часа.

Највкусниот десерт: Ролат во обланди

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.