Мафини со капучино

Брзо и едноставно

Испробајте го овој божествен десерт на кој никој нема да може да му одолее!

Состојки (12 парчиња):

  • 220 гр брашно
  • 135 гр шеќер
  • пола лажичка прашок за пециво
  • пола лажичка сода бикарбона
  • 3 лажици какао во прав
  • 1 лажица капучино
  • пола лажичка цимет
  • 3/4 лажичка сол
  • 180 мл млеко
  • 1 јајце
  • 6 лажици масло
  • 300 гр брусница
  • темно чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C и премачкајте ги калапите за мафини со путер.

Измешајте ги сите суви состојки во еден сад и сите течни состојки во друг, а потоа внимателно додајте ги течните состојки на сувите и промешајте додека не се соединат. Потоа додадете ја брусницата.

Пополнете го секој калап со смесата (но не до врвот; приближно 3/4) и печете 25-30 минути во загреана рерна.

На крај, стопете го темното чоколадо и истурете го над печените мафини.

Предлог за главно јадење: Компир манџа на старински начин: Кога телото бара здрава храна!

 

ФОТО: Unsplash

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.