Гриз каков што сè уште не сте пробале: Готов е за 10 минути, а вкусот е волшебен!

Десерт што веднаш ќе го изедете

Нема дете што не го сака овој десерт

Потребни состојки:
  • 80 грама гриз
  • 150 грама шеќер
  • 750 милилитри млеко
  • 1 јајце
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 голема лажица мед
  • 2 поголеми банани
  • 50 грама сечкани ореви
  • 30 грама мед
  • 50 грама какао
  • 100 грама суво грозје
  • ½ мала лажица лимонов сок
Приготвување:
  • Во млекото ставете шеќер, ванилин шеќер и јајце и промешајте.
  • Додајте гриз, ставете го на шпорет да се вари, но внимавајте температурата да биде умерена за да не загори.
  • Загревајте околу 10 минути, додека смесата не стане доволно густа.
  • Потопете го сувото грозје во вода 15 минути пред да го додадете во гризот.
  • Кога гризот ќе биде готов, оставете го покриен да отстои околу 5 минути.
  • Исечете ги бананите на крукчиња, а оревите сомелете ги во блендер.
  • Прелијте го сето тоа со лимонов сок и додајте мед, па внимателно измешајте.
  • Потоа додајте го сувото грозје.
  • Пригответе ги садовите во кои ќе го служите десертот.
  • Во секој од нив ставете рамномерно еден слој гриз, па прелив од мед, па озгора повторно гриз.
  • Озгора ставете по малку сладок прелив со мед и ореви, а по желба украсете го со малку какао во прав или изрендајте чоколадо.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.