Џеј Ло закопчана до грло на Оскарите: Во овој фустан мамела воздишки, но кројот и’ задал маки

За нијанса претесен фустан

Холивудската актерка на 91-вото доделување Оскар се појавила во претесна долга тоалета и никој не можел да ги тргне погледите од неа

Џенифер Лопез (49) на прагот од шестата деценија изгледа одлично и привлекува големо внимание што и да облече.

На 91-вото доделување Оскари во Лос Анџелес латино дивата се појавила во придружба на својот партнер Алекс Родригез, а за таа прилика одбрала фасцинантна тоалета.

Познато е колку Џеј Ло експериментирала со стилот за време на нејзината музичка и филмска кариера и има докажано дека е вистински експерт во тоа. Но овој фустан со потпис на Том Форд се покажал како најголем предизвик.

Актерката пленела со изгледот закопчана до грло во сребрен фустан. Но иако креацијата била направена специјално по нејзина мерка, сепак кројот бил за нијанса претесен и предолг за опуштено седење.

Затоа, Џеј Ло имала мали потешкотии и цело време се придржувала за својот свршеник, а подоцна и за колегата Крис Еванс со кого го прогласила добитникот во категоријата „најдобар продукциски дизајн“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.