ЕСТЕРХАЗИ, торта што ја надживеа династијата

Се топи в уста!

Тортата именувана по познатата австроунгарска династија настанала во 19 век во Будимпешта и стана поим за слаткарска умешност. Вкусот на бадеми и специфичната шара се нејзин заштитен знак.

Состојки:
ЗА КОРА:
12 белки
260 г шеќер
300 г бадеми, печени, излупени и мелени

ЗА ФИЛ:
1 л млеко
12 жолчки
3 кесички пудинг со вкус на слатка павлака
220 г шеќер во прав
250 г путер
1 лажиче арома на ванила

ЗА ГЛАЗУРА И УКРАСУВАЊЕ:
1 белка
200 г шеќер во прав
1 лажиче сок од лимон
2 реда темно чоколадо
100 г ливчиња бадем

ПРИГОТВУВАЊЕ:
Добро изматете ги белките, додајте шеќер и мешајте додека добиете цврст снег. Лесно замешајте ги и мелените бадеми. Од добиената смеса, се печат 5 кори во калап со дијаметар од 26 см.

Ако сакате потенки корички, можете да добиете 9 парчиња. Подобро е смесата да ја изматите од трипати бидејќи смесата од белки ќе остане цврста. Од литар ладно млеко се одвојуваат околу 250 мл и се мешаат жолчките, пудингот и 100 грама шеќер во прав. Останатото млеко ставете го да зоврие, па додајте ги смесата од жолчките и пудингот и варете со постојано мешање додека смесата  се згусне.

Сварениот фил оставете го да се излади. Додека се лади филот, често мешајте го за да не се фати коричка или врз топлиот фил ставете проѕирна фолија.

Матете ги путерот и преостанатиот шеќер во прав додека се соединат. Соединете ги со изладениот фил и додајте ја аромата на ванила.

Наизменично филувајте ги корите и на крај премачкајте ја целата торта со филот. Оставете малку да се стегне во фрижидер, а потоа нанесете ја белката и глазурата од шеќер во прав.

Украсете со карактеристичните шарина растопено темно чоколадо. Направете концентрични кругови или спирали со темното чоколадо од центарот на тортата до работ, а потоа со чепкалка извлечете го шаблонот, наизменично од средината кон работ и обратно. Украсете ја тортата околу со бливчиеа бадем.

 

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.