Чоколадна торта со…мајонез: Еве како да ја приготвите!

Неспоива комбинација на состојки

Кога мајонезот е една од состојките на десертите, тогаш е совршена замена за јајца и маргарин. Затоа, не е изненадување што тортата со мајонез и чоколадо е многу вкусна.

Потребни состојки:

  • 260 г брашно
  • 100 г какао
  • 1 и ¼ лажички сода бикарбона
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • 3 јајца
  • 250 г шеќер
  • 250 г мајонез
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 220 мл вода

Приготвување:

Измешајте ги брашното, какаото, прашокот за печиво и сода бикарбоната. Во посебен сад измешајте ги јајцата, шеќерот, ванилата и мајонезот со миксер, па додајте ги смесата од брашно и какао и водата и измешајте сè заедно.

Истурете ја смесата во плех за печење намачкан со масло и набрашнет, а потоа печете на температура од 170 Целзиусови степени околу половина час.

За да ја направите тортата поубаво декорирана, можете да ја посипете со шеќер во прав или да ја премачкате со чоколадна глазура.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.