Чоколаден тарт со малини: Најубавата комбинација на вкусови досега!

Чоколаден тарт со малини е класика што сите ја обожаваат!

Состојки:
ЗА КОРАТА:
100 г чоколадо за готвење
100 г маргарин
1 јајце
100 г шеќер
250 г брашно

ЗА ФИЛОТ СО МАЛИНИ:
500 г малини
150 г шеќер
2 лажици сок од лимон и вода
2 жолчки
3 лажици какао
1 лажица растопен маргарин
пола лажиче сол

ЗА ДЕКОРИРАЊЕ:
100 г бело чоколадо
2 лажици павлака
малини по желба
кора од 1 лимон 

ПРИГОТВУВАЊЕ:
Растопете ги маргаринот и чоколадото, а јајцата пенесто изматете ги со шеќерот. Додајте ги просеаното брашно и изладената смеса со чоколадо и маргарин, па замесете тесто. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер еден час.

Во подмачкан калап ставете го растегнатото тесто, добро притиснете ги рабовите и избоцкајте го со виљушка.

Печете околу 20 минути на 180 степени.

За филот, измешајте ги шеќерот и малините, додајте ги кората од лимон, сокот од лимон и водата.

Гответе околу 5 минути и потоа изладете го, па измешајте го во блендер. Во пирето од малини додајте ги жолчките измешани со какао и убаво соединете. Оставете ја смесата да зоврие и кога ќе се излади, вмешајте ги растопениот маргарин и солта.

На кората нанесете го изладениот фил од малини, па декорирајте со мешавина од растопено бело чоколадо и павлака, малини и рендана кора од лимон.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.