Боровница-чизкејк со совршен вкус

Добар апетит!

Рамнотежа на најубавите вкусови во вашата чинија!

Состојки за кората:
600 г мелен кекс
100 г зобни снегулки
3 лажици жолт шеќер
прстофат сол
5 лажици путер
1 лажиче екстракт од ванила

Состојки за филот:
1/4 шолја вода
2 кесички желатин во прав
350 г крем-сирење
2 дл слатка павлака
200 г шеќер
1 лажица сок од лимон
600 г боровинки

Состојки за преливот:
2 дл слатка павлака
1 лажица шеќер
100 г боровинки

Приготвување:
Убаво измешајте ги кексот, зобните снегулки, жолтиот шеќер и солта, додајте ги путерот и ванилата и сè убаво измешајте.

Премачкајте со путер тркалезен плех за печење и обложете му ги рабовите со хартија за печење. Потоа рамномерно распоредете ја смесата на дното на тавата, но и по рабовите.

Печете околу 12 минути на 175 степени. Кога ќе се излади, извадете ја кората, отстранете ѝ ја хартијата и ставете ја во калап со штипка. Дтавете ја водата во тава и одозгора посипете го желатинот. Оставете го да отстои 10 минути.

Потоа варете го на тивок оган, мешајќи додека се раствори желатинот, па тргнете го од оган.

Изматете ги крем-сирењето, павлаката, шеќерот и сокот од лимон, па додајте ги и боровинките.

Повторно изблендирајте за да се иситнат боровинките, иако некои ќе останат цели. Во оваа смеса додајте го топлиот желатин и повторно изматете.

Истурете го кремот врз кората и оставете го во фрижидер цела ноќ. Следниот ден извадете го колачот од калапот, премачкајте го со кремот кој сте го измешале со шеќерот и посипете со боровинки.

Текст: Добра храна

Фото: Shutterstock

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.