Омилен десерт на најмладите: Направите домашен кекс-сладолед за само 15 минути

Рецепт

Ова е слаткиот десерт кој му пркоси на крајот на летото…

Нашите омилени домашни слатки се оние кои не одземаат многу време за приготвување, а ако зборуваме за сладолед – нема сомнеж дека ова ќе биде вашето ново омилено уживање.

Состојки:

20 бисквити

450 грама грчки јогурт со вкус на јагода или овошје по вкус

грст малини

Подготовка:

Наредете 10 бисквити во два реда на дното на плехот или садот за печење, па намачкајте половина од грчкиот јогурт. Потоа здробете ги замрзнатите малини што е можно поситно и премачкајте ги одозгора. Другата половина од јогуртот оди повторно, па преку уште 10 бисквити. Ставете го десертот во замрзнувач најмалку 5 часа да се стегне или по можност преку ноќ. Откако ќе го извадите од замрзнувач, почекајте 10 до 15 минути, па исечете и јадете веднаш.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.