Безгрешен десерт: Веганска торта со вишни и со какао што ќе ве освои на прво залаче!

Гастро-мајстори

Десерт по рецепт на Бранко Попоски

Ги обожаваме десертите на Бранко Попоски! Посетете го неговиот инстаграм-профил @cookingwithbranko и разгледајте ги неговите вкусни рецепти, но не препуштајте прво да ја пробате неговата веганска торта.

Состојки:
  • 2 шолји бело брашно
  • 1 шолја кокосово масло
  • 5 лажици мед
  • 2 филџани какао
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 500-700 г свежи вишни (може и замрзнати)
  • 1/2 лажиче морска сол
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 филџан обична вода
Приготвување:

1. Во длабок сад ставете ги брашното, кокосовото масло (растопено), медот, 1 шолја какао, екстракт од ванила, печиво, сол и сода бикарбона. Мешајте убаво додека се изедначат состојките.

2. Во тава ставете ги вишните и 1 лажица екстракт од ванила, варете 15 минути, па додајте ја смесата со вишните во смесата со преостанатите состојки.

3. Мешајте убаво и формирајте смеса за печење. Печете на 200˚Ц, 20 минути, со постепено намалување на температурата.

4. Во меѓувреме пригответе ја глазурата. На оган во тенџере ставете вода и какао. Мешајте додека се изедначат, па додајте и маслиново или кокосово масло. Убаво мешајте за да не ви се направат грутки. Приготвената глазура посипете ја врз испечената торта.

5. Глазурата можете да ја приготвите и со растопено посно чоколадо, без шеќер и кокосово масло.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.