Анастасија го откри рецептот за омилените колачи на Немања од 3 состојки, изгледа вкусно (рецепт)

Мераци на душата!

Рецептот за колачот на Анастасија Ражнатовиќ е фантастичен…

Рецептот на Анастасија Ражнатовиќ е толку едноставен што скоро и да нема кој не може да го подготви.

Анастасија Ражнатовиќ покажа дека успешно се снаоѓа и пред шпоретот. Во емисијата „Практична жена“ покажа одлични вештини, а по тој повод го откри рецептот за нејзината омилена торта направена од само три состојки, а која ја обожава и нејзиниот сопруг Немања.

Состојки:
200 гр смеса од суров марципан
100гр несолени ф’стаци, ситно сецкани
200 гр бело чоколадо
2 лажици шеќер во прав

Подготовка:


Марципанот исечкајте го и потоа добро изработете го со вилушка. Додадете шеќер во прав и ф’стаци и мешајте додека не фобиете еднолична смеса.

Од смесата обликувајте топчиња, но натопете ги рацете за да не ви се лепи смесата. Формираните топчиња валкајте ги во растопено чоколадо, ставете ги во корпи и посипете ги со ф’стаци.

Фото: Инстаграм и принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.