Погледнете како танцува Серена Вилијамс: Тенисерката занишала со колковите, па завршила на подот! (ВИДЕО)

Воодушевила!

Таа е во одлична кондиција

Серена Вилијамс еднакво е добра и во останатите спортски активности што ја покажуваат нејзината раздвиженост, покрај тоа што веќе со години е една од најдобрите тенисерки на сите времиња.

Имено, нејзиниот пријател и кореограф објавил видео на Инстаграм на кое заедно играат и лудо се забавуваат.

Видеото привлекло големо внимание, со оглед на тоа што Серена на крајот од снимката покажува и како тверкува. Се’ се завршува со маестрална шпага на крајот, поради која тенисерката завршила на подот.

Сепак, сето тоа било испланирано и дел од однапред подготвена кореографија.

https://www.instagram.com/tv/B6PlfSEodRw/?utm_source=ig_embed

38-годишната тенисерка добила многу коментари со поддршка за ваквиот перформанс.

Од сите хобија што тенисерката ги практикува за да одржи совршена кондиција во тенис, истакнува дека сепак најмногу и’ годи танцот.

„Трчам, а потоа возам велосипед. Потоа возам тренажер. Тоа не излезе добро бидејќи ми беше здодевно, па пробав јога. Сега трчам 10 минути, а потоа танцувам“, открила Вилијамс.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.