Девојчето (10) кое глуми рамо до рамо со холивудските срцекршачи, со еден потег ги воодушевило сите на Оскарите! (ВИДЕО)

Си спакувала сендвич во чантичката

Уште пред самото доделување на најпрестижните филмски награди, ова видео стана вирално

92. доделување Оскари ги собра холивудските ѕвезди синоќа во Лос Анџелес, а меѓу нив се нашло и едно девојче, десетгодишната Џулија Батерс која глуми рамо до рамо со Леонардо Ди Каприо и Бред Пит во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“.

Младата актерка, не симнувајќи ја насмевката од лице, во сладок розов фустан, го освоила црвениот тепих, а присутните особено ги воодушевила со тоа што во малата чантичка си понела храна од дома.

„Не ми се допаѓа храната тука“, рекло девојчето, кое за ужина понела сендвич со мисиркино месо.

Уште пред самото доделување, овој потег на идната холивудска надеж станал вирален.

Инаку, за време на доделувањето на наградите не се послужува храна, но Академијата за филмска уметност и наука потврдила дека во салата пред церемонијата се служела вегетаријанска храна.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.