ЗАБОРАВАТЕ? Не сте виновни вие туку информациското преоптоварување!

Вистинската причина за заборавеноста?

Се наоѓате во продавница и се обидувате да запомните што има на вашата листа за купување, кога одеднаш – бам! Наместо тоа, ви светнува дека најдобрата пријателка ви пишала пред два дена, а вие сте заборавиле да ѝ одговорите!

Во ред, тоа е лоша вест, но еве ја и добрата: не сте виновни вие. Вистинската причина за заборавеноста?

Работата и социјалните медиуми. Сето време поминато во скролување на Инстаграм и Фејсбук, одговарањето на мејлови, потоа Вибер, Вацап, Месинџер… доведува до преоптоварување на податоците, според студијата објавена во научното списание Computational and Mathematical Organization Theory.

Кога купот информации во вашата глава ќе стане преголем, се зголемува можноста целосно да заборавите да одговорите. Тоа не значи дека сакате да ја игнорирате најдобрата другарка, но како што велат експертите – избегнувањето е одбранбена стратегија што ја користиме – свесно или потсвесно – за да не се соочиме со тешките чувства, каква што е и преоптовареноста.

Решение? Исклучете го звукот на сите апликации, одредете време кога ќе ги прегледате и ќе одговорите на пораките што ви пристигнуваат и оставете го вклучен само звукот на ѕвончето на телефонот во случај да сте му итно потребни на некого.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.