Страдате од тахикардија? Еве како да го смирите срцебиењето

Гледајте на животот со оптимизам!

Фото: Pexels

Ви пренесуваме неколку едноставни совети што ќе ви помогнат да го смириме ненадејното силно срцебиење.

Во случај на првите симптоми на тахикардија, обидете се да се смирите, откопчајте ја јаката за да обезбедите проток на воздухот. Можете да земете лек – помага тинктурата од валеријана или маточина. Покрај тоа, ќе помогне миење со ледена вода или ладна облога на челото.

Треба да дишете што подлабоко – тоа ќе го намали бројот на отчукувања на срцето доколку сте само многу загрижени или уплашени поради нешто.

Седнете на стол или легнете на кревет, дишете полека, длабоко, рамномерно – на тој начин брзо ќе ја нормализирате забрзаната работа на срцето.

И уште еден „трик“: вдишете длабоко, затнете го носот, силно напрегнете го стомакот и пулсот брзо ќе ви се врати во нормала.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.