Што ако ви откажат кочниците сред возење: Еве како безбедно да го сопрете автомобилот!

Корисно

Добро е да се знае

Откажувањето на кочниците најчесто се случува поради пукање на цревата во кои има хидраулично масло што ги покренува кочниците. Ако се најдете во ваква ситуација, најважно е да не паничите. Постојат неколку начини потполно безбедно да го сопрете автомобилот.

Намалете ја брзината

Ако ја притискате кочницата, а ништо не се случува, постои друг начин да забавите. Намалете ја брзината со менувачот, но постепено, една по една брзина, не спуштајќи ја веднаш на најмалата брзина, бидејќи во тој случај може да ги блокирате тркалата. Додека ја намалувате брзината, полека пуштајте го и куплунгот. Ако возите со автоматски менувач, би требало рачно да ги одберете брзините. Кога ќе успеете да ја намалите брзината, автоматски ќе се покрене моторно кочење. Така се намалува бројот на обрти на моторот, па и на самиот автомобил.

Никако не ставајте го менувачот во неутрална положба

Без разлика дали возите автомобил со мануелен или со автоматски менувач, одбегнувајте ја неутралната положба на менувачот. Ова ќе го оневозможи моторното кочење, а автомобилот ќе продолжи да се движи. Ако менувачот сепак се најде во неутрална положба, никако не го ставајте во брзина, бидејќи може да се случи тркалата да се блокираат и да изгубите контрола над автомобилот. Во овој случај, користете ја рачната кочница.

Користете рачна кочница, но внимателно

Пред да ја повлечете рачната кочница, морате да забавите на претходно опишаниот начин. Рачната може да го сопре автомобилот во случај на откажување на кочниците, но никако не смеете нагло да ја повлечете, туку внимателно, додека забележите дека возилото забавува. Ако ја повлечете премногу брзо, ќе ги блокирате задните тркала и сигурно нема да можете да го контролирате возилото.

Одбегнувајте претерана употреба на воланот

Секако дека ќе морате да го движите воланот за да заобиколите препрека или за да свртите, но одбегнувајте остро вртење на воланот за да не изгубите контрола над возилото. Со нежното завртување ќе го сопрете автомобилот сигурно и ќе одржите контрола над него.

Како да не ви замрзне автомобилот во текот на ноќта: Одлични трикови на искусни возачи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.