Како да не ви замрзне автомобилот во текот на ноќта: Одлични трикови на искусни возачи!

8 одлични совети

Никогаш повеќе нема да се мачите да го стругате мразот

Не го чекајте утрото за да се зафатите со замрзнатиот автомобил. Животот ќе ви биде многу полесен само ако однапред внимавате на некои работи и преземете одредени чекори што ќе го спречат тоа.

Ви откриваме 8 одлични совети како да не ви замрзнат ни стаклото, ни вратите, а ни бравите и како да го решите проблемот ако се случи тоа:

1. Одбирајте исток

Ако имате можност, секогаш паркирајте го автомобилот така што предниот дел ќе биде свртен кон исток. Така, првите утрински сончеви зраци полека ќе го топат мразот на ветробранското стакло.

2. Алкохолот и сапунот помагаат

Направете течност за одмрзнување на стаклата што наутро само ќе ја попрскате по мразот. Во шише ставете литар алкохол, децилитар вода и 1 лажиче детергент за миење садови. Добро протресете. Постои уште еден добар рецепт – во шише со распрскувач сипете алкохол и вода во сооднос 2:1 (две третини алкохол и една третина вода).

3. Заштитете ги бравите од мразот

Најдобрата заштита е спрејот наменет токму за ова, а ако бравата замрзне, загрејте го клучот со запалка и ќе успеете да ја отклучите.

4. Не дозволувајте вратите да ви замрзнат

Премачкајте ја гумата околу вратите на автомобилот со некое масло. Тоа може да биде глицерин, вазелин, растително масло и слично. Направете го тоа штом излезете од возилото за наредното утро без проблем да ја отворите вратата.

5. Снајдете се

Ако се најдете некаде во градот, стаклата ви замрзнат, а кај себе немате ниту спреј ниту топла вода ниту стругалка, посегнете по платежната картичка и истружете го мразот. Тоа ќе оди малку побавно, но сепак по некое време ќе можете да седнете во автомобилот и да се одвезете дома.

6. Чорапи на бришачите

Да, добро прочитавте. Навлечете стари чорапи на бришачите за утрината да не ги најдете залепени за замрзнатото стакло. Или едноставно подигнете ги да не стојат на стаклото, па нема ни да се залепат.

7. Заштита за ретровизори

Надворешните ретровизори на автомобилот нема да се замрзнат ако на нив ставите пластични кеси. Можете да ги завиткате и со гумена лента.

8. Ставете картон на стаклата

Ова е одличен начин на превенција за стаклата на автомобилот воопшто да не замрзнат, што возачите често го користат. Наместо картон, можете да ставите и стар пешкир.

ВНИМАВАЈТЕ!

Замрзнатите стакла никогаш не ги полевајте со врела вода, бидејќи можат да испукаат, особено ако веќе имаат помали оштетувања, предупредуваат експертите. Попаметен избор е млаката вода што треба да се нанесе на стаклото со крпа.

Луѓето родени во овие хороскопски знаци се познати како најлоши возачи
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.