Ручек за денес: Маринирано пилешко месо што постојано ќе го приготвувате!

Пробајте

Сочно и превкусно пилешко месо

Оваа комбинација на зачини му дава посебен вкус на пилешкото. Може да ви послужи како неделен ручек или кога ќе ви дојдат гости, одлично е на скара, во грил-тава, во тавче или од рерна.

Состојки:
  • 1,5 кг пилешки копани со подкопани (да не бидат многу крупни)
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 лажица црвена мелена пиперка
  • 1/2 лажиче бел бибер
  • 1 лажица сушен лист од магдонос
  • 1 лажица куркума
  • 1/2 лажиче сол
  • 100 мл масло
Приготвување:

Одвојте ги копаните од подкопаните, па засечете ги кај коските. Ставете ги во поголем сад, па посипете ги со сите зачини и со масло, па измешајте го сето тоа со рака. Оставете ги да отстојат еден час. Само спуштајте ги на скара и рамномерно печете ги од двете страни.

Истото важи и за во грил-тава. Печете ги на средна температура, поклопете ги и повремено вртете ги. Испечените спуштајте ги во тенџере и задолжително поклопете ги за убаво да се спарат и да останат топли.

Во рерна, наредете ги во огноотпорна или керамичка тепсија, вклучете ја рерната на 200 степени, па печете ги вртејќи ги додека заруменат или ја добијат бојата што ја сакате. Доколку сакате подолго да останат топли, тенџерето во кое сте ги ставале копаните ставете го во поголемо тенџере со врела вода.

Добар апетит!

Маринирано пилешко во сос од мед и соја-сос: Не сте пробале ништо посочно и повкусно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.