Прескокнете го попладневното кафе: Докажано е дека овие 3 есенцијални масла ја зголемуваат концентрацијата

Веројатно сте слушнале како неколку капки есенцијално масло од лаванда на перница можат да придонесат за подобар и поцврст сон. Но, ова не е единственото нешто што есенцијалните масла можат да го направат со својата моќ и магија.

Не е тајна дека есенцијалните масла им помагаат на луѓето да останат здрави со векови, па затоа не треба да се изненадувате што тие исто така можат да помогнат при концентрација, меморија и други когнитивни способности. Одредени видови на масла го стимулираат мозокот скоро веднаш, а тоа резултира со подобар фокус, па дури и воздигнување на расположението. Затоа, ако треба да се фокусирате и ако сакате да изоставите кафе или други пијалаци на кои се потпирате кога станува збор за концентрација во процесот, знајте дека можете да преминете на есенцијални масла. Подолу ви донесуваме три вида за кои е докажано дека ви помагаат при работата и учењето.

Есенцијално масло од рузмарин

Истражување од 2016 година покажа дека студентите кои користеле есенцијално масло од рузмарин за време на студиите имале подобри резултати на испитите. Неговиот ефект е познат со векови и се користи со цел стимулирање на концентрацијата и подобра меморија. Можете да го користите со вдишување, ставање во дифузер, пиење со чај или нанесување на кожата со базно масло (како кокосово).

Есенцијално масло од лаванда

Иако лавандата е генерално поврзана со релаксација и сон, јапонско истражување покажа дека ова есенцијално масло е одлично за зајакнување на концентрацијата. Имено, ако го вдишите за време на пауза од работа, се покажа дека продолжувањето на работата носи поголеми резултати. Научниците ова го поврзаа со намалување на стресот што често ги спречува студентите непречено да ги извршуваат задачите и испитите. Маслото најдобро се користи со мешање со базно масло и нанесување под носот, на слепоочниците или зглобовите.

Есенцијално масло од мента

Истражувања од 2018 година покажаа дека употребата на есенцијално масло од мента ги подобрува когнитивните способности. На пример, за професионалните возачи на камиони, пилотите и сите луѓе кои треба длабоко да се фокусираат на работата, ова масло ќе има голема корист. Истражувањата покажаа дека чајот од нане не е толку ефикасен како вдишувањето на самото масло. Измешајте го маслото со основното масло, истријте го на дланките и ставете ги на носот или устата и земете пет длабоки вдишувања.

Прочитајте и: Како да препознаете хроничен стрес, како тој влијае на телото и кога да побарате помош?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.