Ова никако не смеете да го купувате од кинески продавници: Мислите дека така заштедувате, но не сте ни свесни дека си го уништувате здравјето

Предупредување!

Речиси сите сакаме да влегуваме во кинески продавници, бидејќи таму можеме да најдеме речиси сè што ќе си замислиме, но некои работи не би смееле да ги купуваме од таму, бидејќи така ќе си го уништиме здравјето

Во кинеските продавници многу често може да се најдат интересни работи, но постојат нешта што никако не би смееле да ги купуваме од таму. Имено, експертите предупредуваат дека сите оние што носат очила за вид, никако не би требало да ги купуваат од кинески продавници, а списокот на причини зошто е прилично долг.

Иако со купувањето евтини очила ќе заштедите пари, што може да ги поколеба и оние кои добро заработуваат, ќе си ги влошите видот и здравјето, што многу скапо ќе ве чини.

„За жал, таквите очила не можат квалитетно да ги заменат индивидуално изработените очила, по нарачка офталмолог. Зошто? Размислете само колку луѓе имаат еднаква диоптрија на двете очи? Или колку луѓе имаат астигматизам? Колку луѓе имаат растојание на зениците што одговара на растојанието центрирано во готовите очила? Прашање е колкава штета може да предизвикаат очилата со неисправна корекција и лоша пластика“, велат експертите.

Тие нагласуваат дека особено важен е квалитетот на корективната пластика и стаклата, бидејќи од тоа зависи каква ќе биде корекцијата на очните мани. Нивниот лош квалитет ќе му нанесе повеќе штета на вашиот вид одошто корист.

„Носењето очила со несоодветна диоптрија доведува до треперење пред очите, замаглен вид, замор на очите, солзење при работа, болки во очите и во очните празнини и главоболки. Покрај тоа што му штети на вашето здравје, продавањето очила за вид на пазар и во аптека  е строго забрането“, велат докторите.

Секој експерт препорачува очила за вид и стакла да купувате во специјализирани продавници.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.