ВАКА најлесно ќе ги препознаете емотивните манипулатори!

Со овие трикови се служат

Фото: Getty Images

Свесни сте за непријатното чувство во стомакот или лутината што ја чувствувате секогаш кога манипулаторот се обидува да си поигра со вас. Но, ете, неговите зборови се полни со благодарност и пријатни за слушање, или на суптилен начин си играат со вашето сочувство или вина. Во тој момент навистина не знаете како да реагирате. Во продолжение прочитајте како ќе препознаете доколку некој се обидува да манипулира со вас.

Манипулаторите најчесто се служат со следните тактики: вина, жалење, споредување, негирање, глумење незнаење или невиност, игри на умот, претпоставки, емоционална уцена, лажна грижа, сочувство, извинување и ласкање.

Тие често ја користат вината што најмногу може да се препознае преку зборовите: „По сето она што го направив за тебе…“, или постојано се однесуваат беспомошно и го бараат вашето внимание. Тие, исто така, можат да ве споредат со некој друг или да пронајдат имагинарни сојузници кои ќе бидат нивните „истомисленици“, па така ќе ви речат: „Сите те озборуваат бидејќи…“.

Некои манипулатори ги негираат своите ветувања и она за кое веќе се договориле претходно обвинувајќи ве притоа вам за нешто што не сте го направиле. На тој начин тие се обидуваат да ве контролираат. Најчест пример во оваа ситуација е родителската манипулација: „Ако ја изедеш вечерата ќе добиеш десерт“, или „Нема видео игри додека не ја напишеш домашната задача“.

Емоционалната уцена е друг често корисен метод од страна на манипулаторите. Може да вклучи повеќе елементи како бес, заплашување, срам, вина или закани. Тоа што некој ќе ве натера да се срамите, е метод преку кој некој прави да се чувствувате несигурно и да немате самодоверба. Така, реакцијата може да биде изразена дури и преку комплимент: „Изненаден/а сум што од сите останати токму ти го направи тоа!“.

Друг класичен трик е манипулаторот да се обиде да ве исплаши преку закани, обвинувања, покажување гнев, или страшни предупредувања, од типот: „На твоја возраст никој нема да сретнеш ако сега си заминеш“, или играјќи ја улогата на жртва: „Ќе умрам без тебе“.

За да се справите со таквиот манипулативен однос е да знаете однапред со кого си имате работа. Проучете ги стратегиите на манипулаторот и откријте кое е нивното омилено оружје. Од друга страна, постојано работете на зацврстување на сопствената самодоверба и самопочит. Ова е вашата најдобра самоодбрана. Покрај тоа, научете да бидете наметливи и да поставувате граници.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.