Дали сте пробале да испржите јајца во калап за мафини? А да испечете крцкава сланина? Не? Еве како!

Практични совети

Сигурно некогаш сте се запрашале како може сланинката што сте ја пробале во ресторан да биде така рамномерно испечена, нималку загорена и совршено крцкава. Или колкав е рокот на траење на јајцата што сте ги купиле во супермаркет? Во продолжение ви претставуваме неколку практични совети што ќе ви се најдат во кујната.

Изберете квалитетно месо

При изборот на месото понекогаш не сме сигурни што е тоа што треба да го прашаме месарот за да добиеме добро парче месо, или пак како да препознаеме на изглед дали е месото свежо.

Кафените дамки на месото не значат дека тоа е неисправно, тие се природен нуспроизвод на оксидацијата.

Сепак, свежото пилешко месо треба да е светло и меко, свинското светлоцрвено и не смее да биде лепливо и темно, а јунешкото треба да има црвена боја прошарена со тенки жилички.

Месарот ќе ви помогне доколку веднаш на почетокот му кажете што сакате да приготвите, па тој ќе знае дали ви треба парче месо со коска или филе. Исто така, многу е важно да му нагласите дали месото ви е потребно за варење, пржење, похување или за печење.

Отстранете го мирисот на загорено млеко

Често се случува да оставиме млеко да се загрева на ринглата малку подолго одошто е потребно, па тоа загорува и добива непријатен мирис, а притоа итно ни е потребно за понатамошно приготвување на јадењето…

Во таква ситуација, не треба да се откажете од млекото и да го истурите, постои решение и за тоа. Овој традиционален метод е многу ефикасен, а потребна ви е само една чиста крпа.

Загореното млеко исцедете го низ крпата, која потоа ќе ја исперете во вода.

Постапката повторувајте ја онолку пати колку што е потребно да се извлече целиот непријатен мирис и да се не се чувствува веќе вкусот на загорено.

Проверете ја староста на јајцата

Употребата на јајца е речиси незаобиколна при приготвувањето различни јадења, солени печива, колачи, торти и други деликатеси, па е важно тие да бидат свежи. Постои едноставен начин да проверите колку се всушност стари јајцата што ги набавувате, без обѕир на тоа што пишува на амбалажата, или што ви е кажано при купувањето.

Сѐ што ви е потребно е чинија полна со вода и јајцата чија старост сакате да ја утврдите. Јајцето старо до три дена ќе падне на дното на чинијата, она од четири до 12 дена ќе биде до самото дно, но ќе се одвои од него, а јајцето постаро од 12 дена ќе се задржи на половината на чинијата.

Колку е постаро, сѐ повеќе ќе се качува кон површината, па така јајцето со старост од над две недели ќе плива на површината, а она што е уште постаро над површината на водата.

Пригответе крцкава сланина

Сигурно некогаш сте се запрашале како може сланинката што сте ја пробале во ресторан да биде така рамномерно испечена, нималку загорена и совршено крцкава.

Причината за тоа е што таа е испечена на малку поинаков начин.

За разлика од сланината печена во домашни услови, која се приготвува на масло во тавче, готвачите во рестораните сланината често ја печат во рерна.

За тоа во тепсија ставете алуминиумска фолија и преку неа метална жица за печење.

На жицата наредете ги тенко исечените ленти сланина и печете ја на 200 степени околу 15 минути.

Испечете јајца во калап за мафини

Доколку се најдете во ситуација да треба да приготвите појадок за повеќе луѓе, а немате баш време, или пак сакате на малку поинаков начин да приготовите јајца – калапи за мафини ќе направат чудо. Сѐ што треба да направите е до третина во калапите за мафини да наполните вода и потоа во нив да искршите по едно јајце. Печете ги на 180 степени, девет минути.

Значи, за десетина минути ќе имате 12 готови јајца, без мака. Притоа, интересен начин да приготвите било појадок било вечера.

Многу повеќе практични совети и вкусни рецепти можете да прочитате во специјализираното кулинарско списание „Добра храна“.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.