Женски хороскоп: Дознајте ги најсилните адути, но и мани на својот знак

Само за дамите

Жената стрелец

Нејзиниот карактер ја води оваа жена кон два спротивставени животни правци. Првиот ја води кон мирен живот, а другата страна на нејзиниот карактер е сосема поинаква. Таа е храбра, независна, сака да ги прескокнува вообичаените бариери и да се впушта во ризици. Многу е амбициозна и не пропушта ништо што би можело да го зголеми нејзиниот углед.

Има истенчено чувство за сите животни вредности, и не сака збрка и анархија. Нејзиниот карактер е брз, експанзивен, нескротлив и тој секогаш ја турка напред, а нејзината виталност која е несфатлива за околината мора секогаш да се искаже.

И покрај тоа што понекогаш ѝ се јавува желба да биде сама, таа сепак е личност која сака да биде во друштво. Омразата не може да ја поднесе, а нејзината природна веселост и смисла за хумор играат огромна улога во односите со луѓето. Таа е отворена и лојална личност. Во љубовта основна желба ѝ е да сретне маж кој ќе ѝ се восхитува и кој без ни малку колебање ќе може да им го претстави на своите пријатели.

Таа нема да се задоволи со било кој маж, бидејќи ги презира просечните вредности. За неа љубовта значи восхитување, па затоа нејзиниот партнер мора да биде човек со јак карактер.

Оваа жена не ги сака луѓето кои срамежливо ги покажуваат своите чувства и затоа човекот на нејзиниот живот мора отворено да ја искажува својата љубов и на секој начин да ја докажува. Жената стрелец не е премногу љубоморна, но неверството никогаш нема да го прости.

Фото: Getty Images

Жената јарец

Жената јарец има реален однос кон животот и ја сака постојаноста. Ги цени само оние луѓе кои имаат одредени вредности што се во склад со нејзините сфаќања. Во животот не сака да губи време на несериозни или невредни ситуации и ги презира лежерните и неконструктивни разговори. Оваа жена умее точно да го процени редоследот на одредени случувања и е одличен организатор.

Во работата, исто како и во животот не сака на секој начин да го привлече вниманието на другите. Таа работи дискретно и вредно како мравка, а понекогаш сака да биде сама, бидејќи тишината е нејзино прибежиште. За оваа жена не би можело да се каже дека е голем оптимист. За нејзе животот е нешто многу сериозно, но од него не очекува многу радост, ниту верува во какви било чуда.

Кога ќе добие некаква сатисфакција, ја доживува како вистински дар од Бога. Жената јарец не е лесно да се освои, а љубовта кај неа не може да дојде како гром од ведро небо. Женските претставници на овој знак ретко доживуваат голема љубов, но кога сакаат или поточно кога ќе решат тоа да си го признаат, обично тоа се случува после долго познанство со некој маж.

Кај нив љубовта бавно се раѓа, но кога ќе се врзат за некого, тоа е за цел живот, па ни времето што поминува, ниту долгите разделби не можат да ја нарушат нејзината љубов. Нејзиниот партнер треба да биде исклучително трпелив. Многу припаднички на овој знак остануваат немажени до крајот на животот, а некои пак се мажат кога се веќе во зрели години и тоа повеќе според налог на разумот, отколку по занес на срцето.

Жената водолија

Жената водолија понекогаш зазема ироничен став, но тој е резултат на нејзината несигурност и недоволно самодоверба. Таа живее во својот свет на соништата и нема храброст да се соочи со целосната вистина, а нејзините сфаќања за светот се идеалистички. На оваа жена лесно може да се влијае и таа е свесна за тоа, па се обидува да се брани ставајќи на себе маска на ироничност, а понекогаш и цинизам.

Секој човек детално го анализира и се труди добро да го разбере, но тоа не го прави од љубопитност, туку поради желбата да им се приближи на луѓето. Не е човек од акција, но во работата лесно напредува. Многу е чувствителна и поседува ширина на духот. Сака патувања и промени, но поради неодлучност ретко ја остварува оваа желба.

Оваа жена е многу заводлива и го привлекува вниманието на мажите. Долго време го одбира својот партнер, но кога еднаш ќе се вљуби, тоа е за цел живот. Во љубовта е великодушна и на саканата личност ќе ѝ ги поклони сите свои чувства. Таа не сака лаги и извештачени луѓе, а маж-тиранин не може да поднесе. На жената од овој знак ѝ е потребен партнер со јак карактер, а кој воедно ќе биде и поголем реалист од неа.

Жената риби

Нејзиниот карактер е полн со спротивставености и можеби не е доволно свесна за тоа, но за повеќето луѓе таа е чудна и несфатлива. Честопати го менува своето расположение и наоѓа задоволство во тоа да биде завиена со некој вид магла на која не ѝ дозволува во потполност да се растргне. Нејзината склоност кон мечтаење и недефинирани ситуации, наведува на тоа дека е преголем фантазер и дека нема чувство за реалност.

Грубите зборови, критиката и злобата можат многу да ја повредат и да ѝ предизвикаат голема емотивна болка. Таа нема енергија да се бори, ниту да ги надминува препреките на животниот пат и дозволува другите да ја водат. Сепак не е сосема без иницијатива и доколку наиде на искрена поддршка, таа храбро ќе оди напред. Оваа жена е непоправлив идеалист и фантазер. Многу е интуитивна и комплексна личност, а спрема другите луѓе е толерантна до крајност.

Љубовта ја збунува уште од првиот момент и ако почувствува наклоност кон некого таа не е сигурна во себеси, па затоа и не ја открива. Се плаши дека ќе биде изневерена, отфрлена и напуштена, а страдањето е нешто што мисли дека не може да го поднесе. Таа секогаш балансира помеѓу желбата и воздржаноста и таа рамнотежа ја смирува.

Во љубовта бара нежност, такт и таинственост, а нејзиниот партнер мора да ги одбира зборовите за да не ја повреди. Мечтаењето ѝ е неопходно на оваа личност, но тоа воопшто нема да му пречи на нејзиниот реален живот со нејзиниот партнер. Сепак љубовта која неа ќе ја врзе за еден човек, нема да биде воопшто едноставна, бидејќи нејзините чувства секогаш ќе бидат полни со вртлози.

Извор: Кафепауза

Фото: Pexels, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.