Женски хороскоп: Дознајте ги најсилните адути, но и мани на својот знак

Само за дамите

Жената лав

Таа е јака жена која не се препушта лесно да ја понесат брановите на судбината. Нејзината виталност, волја и авторитет ѝ овозможуваат да биде доминантна жена. Тешко ѝ е да остане на едно место, да мечтае и ништо да не работи, бидејќи сака акција и движење, а не поднесува мрзеливост. Гордоста, а понекогаш и суетата, играат голема улога во постигнувањето успех скоро по секоја цена. Претпазлива е и скоро ништо не препушта на случајноста.

Таа има премногу високо мислење за себе за да може да се задоволи со моменталната состојба. Млаки и недефинирани чувства ја доведуваат до очај, а нејзиниот карактер е таков што тешко се прилагодува кон луѓе кои се воздржани.

Искрена е, а понекогаш сака и да се шегува. Нејзините ситни грижи умее да ги прикаже како големи за да го привлече вниманието на другите. Кај неа постои една контрадикторност. Среќна е и великодушна кога може на другите да им причини радост, меѓутоа понекогаш е премногу егоцентрична, па пред да помисли на друг, таа прво помислува на себе.

Нејзина најголема доблест е верноста. Има цврст карактер и затоа не поднесува туѓи влијанија. Кај другите луѓе не трпи каприци и извештаченост. Ако ѝ се допадне некој маж, таа тоа отворено ќе му го даде до знаење. Кога сака некого, потполно им се препушта на чувствата и во љубовта не поднесува да остане ништо нејасно и недокажано.

Жената девица

Сѐ што се случува околу неа, таа го прима со аналитички поглед и има отпор кон сето она што е диктирано од инстинкт. Кон луѓето не покажува спонтаност, премногу воодушевување и силна желба за пријателство, бидејќи по природа е резервирана и срамежлива.

Кога ќе сретне маж кој ѝ се допаѓа, а и таа му се допаѓа нему, тешко е веројатно дека ќе му се фрли во прегратка, пред сѐ затоа што и самата не е сигурна во своите чувства. Секогаш ќе се прашува дали е тоа вистинска љубов или тоа се само минливи чувства. За да ја разјасни оваа дилема, најпрво себеси ќе се преиспита, а потоа и личноста која ѝ се допаѓа. Причината поради која се двоуми потполно да им се предаде на чувствата, е нејзиниот паничен страв да не направи грешка.

Таа е приврзана кон своите навики и верува дека живее во удобно гнездо кое сама го создала, па се прашува дали личноста која влегла во нејзиниот живот може да го смени и расипе тоа. Еден ден кога ќе го победи својот страв, сигурно е дека на мажот што ќе го одбере ќе му биде посветена до крајност.

Жената девица е многу верна и лојална личност, која е дискретна и внимателна во сѐ што прави. За да можете вистински да ја запознаете, треба да имате на ум дека за нејзиниот карактер многу поголемо значење има тоа што е скриено во неа, отколку она што е очигледно.

Жената терезија

Терезијата не е ниту енергична, ниту одлучна личност и во донесувањето одлуки никако не може да го пронајде вистинско решение. Не е особено амбициозна и секогаш ѝ е потребен некој на кој со задоволство ќе му препушти дел од обврските.

Во сѐ што прави сака целосно да се внесе и посвети, но тоа не ѝ поаѓа секогаш од рака, па тогаш кога ѝ се чини дека не може да ги совлада препреките, се повлекува и се помирува со судбината.

Сака да им се допадне на другите, друштвена е и сака да излегува. Во неа постојат две личности. Едната е таа што им ја покажува на другите, а другата е онаа која никогаш не ја покажува и која ретко кој може да ја открие, бидејќи љубоморно ја чува.

Тоа што го покажува понекогаш е мирна и кротка личност, а понекогаш избувлива и експлозивна. Поради стравот да не биде откриена таа се прикажува поинаква, честопати ставајќи на себе маска на љубезност и насмевка. Таа е одличен актер, дури и кон најблиските.

Не сака бурни сцени и караници, но сепак често ѝ се случуваат, а при тоа дури не е ни свесна дека всушност сама ги предизвикала со своето провокативно однесување. Поседува исклучителен шарм, страсна е и чувствителна. Луѓето во неа гледаат нешто симпатично, пријатно и таинствено. Жените терезии се исклучително интелигентни.

Многу терезии можат да погрешат во изборот на партнерот. Тие сметаат дека партнерот треба да им биде главна потпора во животот но, се случува да се врзат за некој кој станува вистински тиранин штом ја почувствува нивната слабост. Нив најмногу им одговара маж кој ќе знае да ги цени нивните квалитети и нема постојано да ги критикува поради недостатокот на енергија да ги издржат тешкотиите.

На жената терезија ѝ е потребен партнер со јак карактер, но воедно да биде и исклучително нежен и внимателен. Таа не е склона кон промени во љубовта.

Жената скорпија

Жената скорпија не е мирна, пасивна и кротка жена. Таа има импулсивна, избувлива и страсна природа. Во животот ништо не прави половично и не сака неодлучност. Неуспехот и разочарувањето длабоко ја погодуваат. Во сите сегменти од нејзиниот живот доминира инстинктот, па затоа и најдобрите одлуки се диктирани токму од нејзината интуиција, а првиот впечаток за луѓето и нештата најчесто се точни и прецизни. Таа не прави тактички и психолошки грешки.

Некои жени бараат мир, но тоа не е случај со скорпиите, бидејќи нејзините чувства се како зовриен вулкан. Дали некој ѝ е симпатичен или не веднаш се забележува. Жената скорпија не спаѓа во категоријата на студени жени, а нејзините реакции во љубовта се непосредни. Физичката љубов за неа има големо значење, а нејзината страст и енергичност ја вбројуваат во категоријата жени кои имаат моќ на заведување.

Многу жени родени во овој знак и покрај тоа што не се видни убавици, фасцинантно и магично делуваат на мажите. Би можело да се помисли дека за неа љубовта е само игра, но тоа не е вистина. Таа е многу сензибилна и е спремна да се предаде до крај, а нејзиниот партнер станува центар на нејзиното живеење.

И тогаш кога ќе се омажи, таа не запловила во мирни води, бидејќи сака акција, движење и обновување. Љубовта за неа не претставува само страст, туку и вечна борба со животните предизвици. Жената скорпија потсвесно сака да доминира над луѓето и случувањата, па ни нејзиниот партнер не може тоа да го избегне тоа, бидејќи секогаш ќе сака на некој начин да му ја наметне својата волја.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.