Женски хороскоп: Дознајте ги најсилните адути, но и мани на својот знак

Само за дамите

Ви ја претставуваме жената од нејзиниот астролошки агол, кој ги пресликува основните карактеристики на секоја од нив, во зависност од хороскопскиот знак.

Жената овен

Таа има одличен карактер и сака сѐ што е чисто, јасно и прецизно. Брзо и активно реагира на сѐ што се случува околу неа. Вообичаено повеќе значење ѝ придава на акцијата, отколку на размислувањето. Грижите ја обземаат само моментално и не оставаат некои длабоки траги во неа.

Не се обесхрабрува лесно, ниту ја обзема песимизам, има самодоверба, храбра е и е во состојба да оди чекор по чекор за да ги оствари своите животни цели.

Презема и одредени ризици за да не залута во лавиринтот на неодлучност. Нејзиниот ентузијазам и динамичност се доволен двигател да ги преброди сите тешкотии во животот. Честопати презема иницијатива и кога ќе се најде во дилема, сепак бргу донесува одлука.

Жената која е во хороскоп овен не поднесува компликувани ситуации и не ги сака луѓето што наоѓаат задоволство во конфузни приказни и случки. Се однесува ноншалантно и директно, а со своите импулсивни реакции, понекогаш се случува некого грубо да повреди, иако немала таква намера. Нејзиниот карактер има големо влијание и во однесувањето во љубовта.

Таа никако не може да се вброи во типот на жена-робинка, бидејќи е премногу независна за да може да поднесе некој да ја стави во „кафез“, па макар тој бил и златен. Очекува и бара заемна доверба со нејзиниот партнер, за да обезбеди заеднички живот без сцени и сомнежи.

Љубоморна е и тоа го покажува и бара јасни одговори на прашањата. На нејзиниот партнер нема да му биде лесно ако почне да ја избегнува и запоставува. Ако партнерот ја изневери, нејзината гордост и самопочит ќе бидат повредени и таа сигурно нема лесно да помине преку тоа. Во сѐ сака да има своја улога и во секоја прилика сака да се слушне и нејзиниот збор.

Ако наиде на личност која е послаба од нејзе, постои опасност да ја потчини, но таквата ситуација нема да ѝ се допадне, бидејќи во длабочината на својата душа таа не сака таква врска. Идеален маж за неа, е оној кој има јак карактер.

Нејзината смелост, спонтаност и ентузијазам ќе играат голема улога во нејзините емотивни врски. Кон партнерот може јавно да покажува нежност, но и од него ќе бара да ги покаже своите чувства кон неа.

Во љубовта како и во животот, таа бара полна ангажираност. Таа дава сѐ или ништо – понекогаш е бескрајно дарежлива, а понекогаш покажува знаци на егоизам. Не ги сака лагите и измамите.

Жената бик

Таа стои цврсто на земја и сака сѐ што е постојано и опипливо. За неа мечтаењето претставува само душевен мир, но никогаш не се задоволува со лажни ветувања и слатки илузии.

Кон пријателите покажува лојалност и посветеност, но истото го бара и од спротивната страна. Ако некој ја изневери таа нема бурно да реагира, бидејќи нејзините реакции се бавни и не толку видливи, но затоа бескрајно длабоки и обично трајни.

Доколку се увери дека некој лошо постапил со неа или ја повредил нејзината добронамерност, тоа никогаш нема да му го прости. Не ги сака промените и пресвртите и сѐ она што може да го промени нејзиниот вообичаен тек на живот. Ги почитува принципите и концизните идеи. И покрај тоа што има јак карактер, во него има и некои слабости.

Во нејзиниот живот понекогаш се јавува мрзеливост и пасивност, бега од грижи и проблеми и не сака компликации.

Љубовта игра голема улога во нејзиниот живот. Таа не е синоним за страст, бурни емоции и романтика, туку за нежност и уживање. Кај мажите ја привлекува нивниот физички изглед, а што се крие зад нивната надворешност, на почетокот не ја интересира многу.

Кога ќе запознае личност што ѝ се допаѓа, сака на секој начин да го привлече неговото внимание, но пред да се реши за трајна врска сака да биде сигурна дека тој е оној вистинскиот. Жената бик не се врзува лесно, бидејќи љубовта во нејзиното срце бавно созрева и чувствата постепено се развиваат. Не поднесува присуство на друга жена, па дури ни колешката на нејзиниот партнер и ќе направи сѐ за да го задржи само за себе.

Ако открие неверство, спремна е да врати со иста мерка.

Жената близнаци

Динамичноста е нејзина најважна карактерна особина. Бескрајно ја цени слободата и независноста и не му дозволува никому да господари со неа или да ѝ ја наметнува својата волја. Многу е интелигентна, но не и прониклива.

Погрешно суди за луѓето што ѝ мислат добро, па е во состојба и да ги навреди. Исто така погрешно ги проценува намерите на оние кои не ѝ мислат добро, па тоа ѝ се удира од глава, иако не е свесна за тоа.

Фото: Pexels

Амбициозна е, но не премногу и во работата може да го пронајде најдобриот начин кон успехот. Кога работи сака луѓето да го ценат тоа, но очекува и материјален ефект за својот напредок и никогаш нема да прифати работа која нема да ѝ донесе и материјална корист. Парите лесно ги троши.

Исто како и во животот, така и во љубовта важна ѝ е слободата, па и кога ќе засака некого се плаши да не се врзе премногу за него. Во љубовта и во бракот е верна, а доколку се случи да се разведе, никогаш нема да го заборави тој човек.

Не е љубоморна и е приврзаник на современите обичаи и навики. Неверството може да го прости, но може да биде и сосема категорична. Во љубовта е особено динамична, а чувствата не ги покажува јавно.

Сака да се дружи, но притоа и да се покаже како комуникативна личност која има широк круг на пријатели, па затоа никако не може да се сложи со партнер кој не е динамичен. Во потрагата по нови познанства нема секогаш да успее, па се случува да е повеќе сама дури и кога е опкружена со друштво. Можеби никогаш нема докрај да разбере, дека понекогаш е подобро да имаш малку, но одбрани и верни пријатели, отколку многу неискрени кои умеат добро да глумат.

Жената рак

Многу е чувствителна, сензибилна и емотивна личност, но за да се заштити себеси се труди да ги скрие своите чувства. За да се чувствува среќна, се сокрива во својот свет заграден со високи ѕидови, во кој е тешко да се влезе. Во детството се чувствувала безбедно во родителскиот дом, а подоцна се обидува да создаде свој свет во кој ќе владее спокојство, мир и сигурност.

Жената рак не е премногу ни борбена, ни реална, ни активна, бидејќи стравот од непознатото ја попречува да оди напред и да ги совладува препреките. Таа е задоволна онаква каква што е, и не сака многу да се менува. Тоа бегање од непознатото е потполно разбирливо бидејќи често се судира со непријатности, грижи и неизвесност.

Нејзината чувствителна природа брзо реагира на секаков вид агресивно однесување. Кога ќе се соочи со некој сериозен проблем умее да се претвори во „жена змеј“ која ќе се жртвува до крај.

Умее да „сонува“, но сака и логично да размислува, но на неа многу лесно може да се влијае, па ако тоа не можат да го постигнат оние кои не ѝ се многу блиски, тоа многу лесно ќе им успее на сите оние кои таа ги сака. Љубовта во животот ѝ значи сѐ и таа ѝ е најважна во животот. Таа бара човек кој ќе ѝ овозможи сигурност и поддршка, но и бескрајна нежност.

Таа е многу чувствителна и романтична личност и сонува за бескрајно романтична љубов и страст на две сродни души. Нејзината глад за идеална љубов е тешко да се задоволи, бидејќи постои разлика помеѓу реалноста и убавите соништа, а токму тоа и најмногу ја плаши.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.