На 5 јули нè очекува помрачување на месечината: Овој астролошки феномен ќе им донесе големи промени на овие знаци!

Астро-прогноза

Фото: Getty Images

На 5 јули нè очекува помрачување на месечината…

Покрај помрачувањето, на 5 јули месечината ќе биде полна, во знакот Јарец.

Јарецот е природното десетто поле во зодијакот, поле на кариера, професија, репутација, статус во општеството, деловни и општествени активности. Помрачувањето на месечината честопати предизвикува емоционални проблеми, стравови, грижи, депресија нервоза неколку дена пред самото помрачување.

Во неделата, на 21 јуни, имаше помрачување на сонцето во Рак, и сега ова помрачување на месечината е кулминација на тој настан. Доколку сте решиле да прекинете и започнете нешто во времето на помрачување на сонцето околу 21 јуни, ова сега се деновите кога ќе ги согледате резултатите.

Доколку таа промена била успешна, наредниве денови очекувајте успех.

Со оглед на тоа што е и полна месечина, емоционално чувствителните личности лошо ќе ги поднесуваат деновите пред самата полна месечина.

Еве како ова помрачување ќе влијае врз секој знак поединечно…

Јарци и Ракови – чувајте се од стресови и одбегнувајте конфликти. Ова исто така важи и за Овните и за Терезиите.

Помрачувањето на месечината најдобро ќе влијае врз Биковите и Девиците, како и на Скорпиите и на Рибите. Овие 4 знака ќе почувствуваат значително подобрување на сите полиња.

Близнаците непотребно се грижат за пари и за имот.

Лавовите размислуваат за промена на работата и се грижат за здравјето.

Стрелците имаат многу финансиски трошоци, но ќе имаат и приходи.

Водолиите се оптоварени со многу животни проблеми, а ги мачи и несоница.

Голем месечен хороскоп за јули: Дали конечно ни пристигнуваат подобри денови?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.