СЗО: Нема потреба повторно да се тестираат заразените пред да излезат од изолација

На 17 јуни 2020 година, Светската здравствена организација (СЗО) ги ажурираше критериумите за ослободување од изолација на лица кои имале позитивен тест за коронавирус. Новите решенија велат дека не се потребни ретестирања за да се утврди негативноста.

СЗО сфати дека е тешко да се спроведе првичната препорака, во која се вели дека лицето кое имало позитивен тест за коронавирус по 15 дена самоизолација, мора да направи два последователни негативни тестови, за да се извлече од изолацијата.

Имено, тоа паѓа најтешко на места со ограничени лабораториски ресурси, опрема и работна сила и во области со интензивно пренесување на болести.

Според новите упатства, во повеќето случаи, нема да има потреба од ретестирање за да се исклучи постоењето на болеста кај пациент, со оглед на тоа што тие пропишале период на траење на вирусот кај луѓето.

Кај луѓе кои тестирале позитивно за коронавирус и кои не развиле симптоми на болеста, таа личност се смета за здрава 15 дена откако ќе се најде вирусот во телото.

Кај лица кои развиле симптоми, без оглед на сериозноста на клиничката слика, се смета за здрава најмалку 10 дена по почетокот на симптомите плус најмалку три дена мора да поминат откако ќе исчезнат симптомите.

Исклучок би била кашлицата, со оглед дека може да остане присутна кај некои пациенти долго време откако ќе престане заразата на пациентот. Во вакви случаи, се препорачува претходен критериум за повторно испитување за два последователни дена.

Објаснето е дека новите препораки биле дадени откако СЗО дошло до релевантно научно знаење за ризикот од пренесување на вируси и имунолошкиот статус на пациентите.

Прочитајте и: Ново откритие на научниците: Имунитетот на коронавирус веројатно е поголем одошто покажуваат тестовите!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.