Голем месечен хороскоп за ЈУНИ: Некому ќе му се обвистинат најголемите стравови, а на некој најлудите соништа!

Лав

Во партнерските односи настапува период на решавање на проблемите кои се наталожиле и за кои досега немавте трпение, но ни капацитет. Се чувствувате стабилно и сакате да се посветите на врската, но сакате и време за себе.

Слободните Лавови ќе се соочат со разрешување на незавршените прашања и односи, па можно е да се појави бивш партнер и повторно да стане актуелен. Можеби ова е нов почеток. Бидејќи и двајцата сфаќате дека убаво функционирате заедно.

Конечно одлучивте да го промените свото темпо на живеење па уфрливте физичка активност во своето секојдневие. Ова го пробувавте и порано но сега конечно успеавте. Не се откажувајте и продолжете а ви препорачуваме физичките активности да ги правите во друштво на некој ваш пријател – така ќе ви биде полесно.

Девица

Ако можете со партнерот да се договорите и да го усогласите тоа што е важно, ова ќе биде добар период. Ако ви е тешко да правите компромиси, можеби и не треба да сте во оваа врска. Време е да покажете толеранција, за да го сочувате мирот и стабилноста, не правете драми, бидејќи не е време за тоа. Ако не сакате да сте дел од оваа врска, заминете си.

Слободните Девици ќе бидат нетрпеливи на ова поле и ќе сакаат да побрзаат и утврдат дали некој однос ќе се развива онака како што тие сакаат. Не сакате да губите време, но всушност треба да одите чекор по чекор.

Уште од мали нозе имате страв од докторите и болниците, некои после некое време го губат тој страв но кај вас е се уште присутен. Но овојпат мора да отидете на овој преглед. Ќе ви биде многу подобро откако ќе се проверите дали е се во ред со вашиот организам или дали треба нешто да менувате во вашите активности.

Терезија

Партнерот би можел да ве обвини за тврдоглавост овој период, бидејќи држите до своите ставови и никако не попуштате. Можеби е време да дозволите другата страна да запознае еден друг дел од вашата личност, а тоа е мирољубивата страна и подготвеноста за компромиси.

Слободните Ваги имаат потреба да се препуштат на чувствата. Сепак, бидете внимателни кого бирате покрај себе бидејќи тоа може да ви го закомплицира животот. На една личност и значите многу, но некако како да сте слепи пред неа.

Можни се проблеми со внатрешните органи, а кај вас први на удар се бубрезите и бешиката. Склони сте на инфекции и без оглед колку се чувате инфекциите порано или подоцна ви се враќаат.

Скорпија

Романтичен период за Скорпиите и партнерските односи. Ќе бидете доволни еден на друг, ќе чувствувате размена на енергии и вашиот однос ќе биде на одлично ниво. Склони сте кон големи гестови, а партнерот е поласкан од таквото однесување.

Слободните Скорпии ќе бидат многу чувствителни овој период што може да ги вплетка во мали компликации, со луѓе кои не го доживуваат контактот со нив на некој посебен начин. Можни се мали разочарувања, но ова ќе биде возбудлив период за вас.

Ќе имате инсомнија (несоница) овој месец па можно е да почувствувате главоболки. Стресот кој секојдневно го чувствувате, притисокот на работа и од страна на некои ваши блиски луѓе можеби довеле до та да немате квалитетен сон, ама тоа наскоро ќе се среди.

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ НА СЛЕДНАТА СТРАНИЦА

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.