Голем месечен хороскоп за ЈУНИ: Некому ќе му се обвистинат најголемите стравови, а на некој најлудите соништа!

Во овој месец влегуваме со три ретроградни планети Венера, Сатурн и Јупитер, а ќе се придружат и уште две Меркур и Нептун. Затемнувањето на месечината и сонцето истотака се случуваат во јуни што укажува на тоа дека не’ очекува еден турбулентен месец со разни случувања, побуни и промени. 

На самиот почеток на месецот, Меркур прави квадрат со месечината што донесува немир, нерационалност, претерана чувствителност несогласување на нашите мисли со чувствата.

Ситуацијата околу 5 и 6 јуни ќе биде напната, агресивна, борбена и дирекна и од овој аспект би било најдобро да не влегувате во конфликти и кавги. Венера ќе направи квадрат со Марс, а потоа и со Нептун поради што можно е да се случуваат емотивни и финансиски незадоволства. Можни се изневерувања и манипулации.  Затемнувањето на сонцето се случува во знакот на Ракот па може тоа да донесе проблеми во семејството и со емоциите.

ОВЕН

Во текот на првиот летен месец родените во знакот на Овен нема да имаат претерана среќа на полето на кариерата и финансиите. Пред се тоа ќе се однесува на оние кои очекуваат на своето работно место да бидат иновативни и креативни. -Овновите во текот на јуни ќе се соочат со една  креативна криза ќе останат без идеи, ама не само тоа ќе останат и без волја и мотивација да се придвижат.

И на љубовно поле работите нема да се одвиваат како што сакате, па малку ќе бидете напорни бидејќи како и секогаш, сакате работите да се како што вие ќе замислите. Тоа за Овните е лекција – наместо да се буните и расправате, пробајте едноставно да ги пуштите работите да одат по својот тек. Тоа што не е до вас, туку до партнерот, можете да го постигнете само со љубов и поддршка.

Слободните Овни ќе бидат малку агресивни во изразувањето на своите чувства и ќе бараат нешто, но ретко кога ќе бидат директни во однос на тоа. Пробајте да се опуштите и да видите како ќе се случуваат работите, без да пробувате постојано да туркате напред.

Кога е здравјето во прашање, наш совет е да одите на редовни докторски прегледи и малку повеќе внимание да си посветите на своето здравје. Здравата исхрана и физичка активност е нешто на што треба да обврнете внимание.

Бик

На деловно поле ќе покажете огромна мотивација и иницијатива на себе да преземете дополнителни обврски, што кај вашите надредени ќе наиде на одобрување и позитивна оцена.

Овој месец доаѓа искушение за Биковите кои се во врска. Можна е афера надвор од врската или бракот која само ќе ви го искомплицира животот, а и нема да успеете да ја надминете лесно, ако решите да се впуштите во неа. Запрашајте се дали возбудата е поважна од тоа што имате да го изгубите.

Слободните Бикови исто така би можеле да се заплеткаат во емоционални компликации – можеби ќе се најдете во паралелна врска, не сфаќајќи ја сериозно од почеток, но тоа може да биде помалку забавно одошто мислите. Бидете искрени кон себеси и пробајте да си дадете одговор дали е ова тоа што вистински го сакате.

Здравјето на родените во овој знак добро ќе ги служи.

Близнаци

Промените на личен и љубовен план се случуваат мошне брзо за вас, а веќе не сте ни сигурни дали тоа ви одговара. Најдете време да размислите за да откриете што е тоа што го сакате. Избегнувајте ги непотребните кавги во врската кои нема да ве однесат никаде.

Слободните Близнаци ќе уживаат во динамичен период и ќе се трудат да надокнадат за период кога беа заглавени дома поради пандемијата. Полни сте со енергија, добро расположени и шармантни, така што ќе ви годат можностите кои ви се нудат.

Поправете ја вашата исхрана ако сакате да се чувствувате подобро. Заборавете на брзата храна и производите од пекара, од нв се чувствувате лошо, малаксано и отечено. Најверојатно станува збор за нетолеранција на брашно, а за да утврите треба да идете на дополнителни тестирања и анализи. Немојте да си играте со здравјетот мораде навремено да реагирате и да преземете одредени чекори. Ако посомневате дека нешто ви пречи побарајте совет од стручно лице.

Рак

Во партнерот ќе ја најдете поддршката која ви е потребна, но важно е да не ги криете своите чувства и евентуални незадоволства, доколку ги имате. Искрено и отворено кажете што ве мачи. Тоа ќе ви помогне да се изборите со било кој проблем и да го имате.

Слободните Ракови имаат интензивна потреба да се зближат со некого. Ви недостасува нежност и поддршка, но не брзате да почнете врска со првата личност која ќе се појави во вашиот живот. Чекор по чекор.

Физичката активност мора да ви биде на прво место ако сакате да ја подобрите својата кондиција ама и својот изглед. На сите им говорите дека не можете да ослабнете, а како да ослабите кога не се движите доволно и јадете лоша храна.

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ НА СЛЕДНАТА СТРАНИЦА

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.