Голем месечен хороскоп за ЈУНИ: Некому ќе му се обвистинат најголемите стравови, а на некој најлудите соништа!

Стрелец

Ќе водите смислени и длабоки разговори со партнерот, па интелектуалниот дел од вашиот однос ќе биде на прво место, а тоа многу ќе ви годи. Можеби ќе почнете и поинаку да ја доживувате саканата личност, за што ќе бидете пријатно изненадени. Чувствувате како се менуваат работите на подобро.

Слободните Стрелци ги очекува судбоносна средба. Излегувајте, движете се, патувајте (ако постојат услови за тоа). Кога ќе ја сретнете оваа личност, веднаш ќе ја препознаете.

Проблемите со забите пак не ви даваат мира. Некои проблеми со забите од минатото повторно ви се навраќаат. Она што е важно е да не дозволите да додје до инфекција и до ширење на воспаление и црвенило.

Јарец

Во партнерските односи е потребна смиреност, важен е тонот во комуникацијата бидејќи партнерот реагира на вашите зборови, а тие се студени иако можеби не сакате да е така. Можете да постигнете многу, но само ако љубезно замолите и го зачините тоа со нежни гестови и изјави на љубов.

Ѕвездите ги предупредуваат слободните Јарци на неочекувани ситуации и изненадувања во текот на јуни. Можете да ја откриете длабочината на својата страст на различни начини. Ова е период кога ќе одите од крајност во крајност, пробувајќи да најдете баланс и рамнотежа.

Имунитетот овој период нема да ви биде најдобар.  Ако реагирате на време со внесување на природна и здрава храна без адитиви и конзерванси може да ја победите малаксаноста, заморот и констатната потреба за сон која ќе ја имате овој месец.

Водолија

Период на цветање на љубовните и семејните односи. Ќе доживувате убави чувства, заеднички активности, ова е одличен период за заедничко опуштање, страст и романтика, но и квалитетно време со најблиските.

Слободните Водолии ќе среќаваат нови и интересни личности, иако воопшто не се трудат да запознаат некого – друштвениот живот ќе биде динамичен, па новите средби ќе се одвиваат спонтано. Ќе имате можност да избирате меѓу повеќе личности.

Можно е да имате проблеми со болки во нозете.. Морате да најдете време за одмор и за некои релаксирачки активност, не е поентата животото да ви биде окупиран само со работата.

Риби

Овој период ќе чувствувате силен прилив на енергија што ќе ви помогне да дојдете до некои промени кои сте ги посакувале долго, а не сте имале можност да ги спроведете. Подготвени сте да работите на врската, но без услови и драми. Сепак, не е е време за драстични промени. Одете чекор по чекор.

Очекувате некои проблеми кога станува збор за деловните идеи и нивната примена во пракса. Ќе имате губитоци и сами нема да ги решите проблемите на работа. Побарајте помош.

Слободните Риби ќе се запознаат со личност за која нема да знаат ниту што да мислат, ниту што чувствуваат. Ќе бидете во искушение да се препуштите. Интересен месец е пред вас.

Здравјето ќе ви биде одлично!

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.