Астро-специјал за 2020-та: Дознајте какво сценарио за убавина и здравје ви подготвуваат ѕвездите

Годишен хороскоп посветен на убавината, здравјето и на љубовта

Новата година пристигна, ја „раситнивме“ новата декада, па логично е да направиме „ревизија“ на навиките за нега и убавина кои ги усвоивме минатата година, но и да видиме кои ќе ги прифатиме во новата. Во тоа дефинитивно можат да ни помогнат и атсролошките предвидувања. за тоа каква нега, здравје и љубов ве очекуваат во 2020-та…

ОВЕН

УБАВИНА Како и досега, вашата самодоверба нема да почива само на изгледот, за кој ќе продолжите да се грижите. Благодарение на редовните физички активности, телото ќе ви биде стегнато и нема да помине незабележано, но најважно е тоа што идната година ќе верувате повеќе во себе. Кога станува збор за модата, ќе избирате модели и парчиња што ќе ви прилегаат совршено, како и интензивни бои.

ЗДРАВЈЕ Ќе ве служи доста добро во текот на целата година. Сепак, кај овните родени во втората декада ќе се почувствува слаба склоност кон меланхолија и депресија. Токму затоа, потрудете се редовно да се релаксирате. Откријте нова активност, во која ќе уживате целосно.

ЉУБОВ Во првата половина од годината на испит ќе биде она што не ви е јака страна – трпението и самоконтролата. Доколку успеете работите да ги држите под контрола, избегнувајќи ги недоразбирањата – и во семејните и во љубовните односи – среќата ќе ви се насмевне во вториот дел од годината.

БИК

УБАВИНА Меката кожа и усни и негуваната коса изгледаат беспрекорно, па потрудете се да ги претворите во свои најсилни адути. Неопходно е да го контролирате својот изразен апетит кон богати вкусови. Ќе играте на картата на елеганција – со своите модни комбинации ќе порачувате дека имате стил. Ќе настојувате да ја истакнете сензуалноста, а одвреме-навреме ќе имате потреба од екстраваганција, која ќе ја изненади вашата околина.

ЗДРАВЈЕ Нема да можете да ги избегнете последиците од стресот. Ѕвездите препорачуваат рекреација и урамнотежена исхрана. Крајно време е да му се спротивставите на вродениот хедонизам и да усвоите здрави навики што ќе ви донесат голем број придобивки за вашето здравје.

ЉУБОВ Во текот на 2020 година, љубовта ќе ви биде најголем двигател. Стабилноста, романтиката и довербата ќе кулминираат. Доколку сте слободни, вашиот статус ќе се смени до пролетта, и тоа со многу забрзан ритам. И социјалниот живот ќе ви биде богат и истакнат.

БЛИЗНАЦИ

УБАВИНА Вешто ќе владеете со четките за коса, шминката и со козметичките препарати и интуитивно ќе знаете што е најдобро за вашето тело. Својот младешки стил ќе го збогатите со необични детали – впечатливи обетки и алки. Ќе ставите акцент на оригиналните фризури, но нема да ја занемарите негата на косата. Ќе настојувате да ја одржите витата става.

ЗДРАВЈЕ Поради големите притисоци и стресот, од април до средината на мај, здравјето ќе ви биде загрозено. Спречете ги проблемите со редовни и превентивни посети на лекар. Потрудете се да постигнете максимална рамнотежа.

ЉУБОВ Во првата половина на годината ќе запловите во мирни води. Но изгледа нема да ви биде доволно тоа и константно, без потреба, ќе ги тестирате емотивните односи. Ќе бидете нерешителни, а поради тоа и под стрес. Добра вест е тоа што оваа година конечно ќе почнете да го почитувате тоа што го имате.

РАК

УБАВИНА Ќе уживате во пријатни масажи на вратот, рацете и на стапалата. Редовно ќе посетувате козметички салони. Постои можност да се здебелите малку, но поради вродениот шарм и привлечна надворешност, никој нема да забележи. Погледот ќе биде вашето најсилно оружје – иако нема да ги шминкате очите, со соодветниот избор на облеката ќе ја истакнете природната убавина на вашите очи.

ЗДРАВЈЕ Вашата стабилна здравствена состојба ќе се наруши во текот на пролетните месеци. Обидете се да ги избегнете сезонските инфекции. Ќе се одлучите и за алтернативни методи на лекување. Потрудете се да одморате доволно.

ЉУБОВ Ќе мора да се активирате малку повеќе во почетокот на годината. Внимавајте на зборовите – воздржувајте се од непотребни коментари и загледајте се малку подобро во партнерот, кој сигурно го заслужува тоа, а остатокот од годината ќе ви помине токму онака како што сакате.

ЛАВ

УБАВИНА Жолтата боја и впечатливите принтови се како создадени за вас. Ќе бидете склони на егзибиционизам и големо внимание ќе му посветувате на имиџот, кој ќе предизвикува аплауз, па ќе избирате само најдобри парчиња, без разлика на трошоците. Косата ќе продолжи да ви биде круна, со тоа што ќе ја смените фризурата. Размислете добро, бидејќи убавите работи не треба да се менуваат.

ЗДРАВЈЕ Сатурн ќе се мота околу вашата куќа на здравјето и ќе бара посветеност и одмор. Внимавајте на кардиоваскуларниот систем. Поради влијанието на Јупитер во стрелец, нема да ви недостига оптимизам, а умереноста ќе ви биде клуч за добро здравје.

ЉУБОВ Без разлика дали сте слободни или не, во 2020 година е неопходно да се менувате. На непријатен начин ќе сфатите дека, освен вие, постои и некој друг на овој свет. Таа лекција ќе ви биде неопходна за да го прифатите партнерот со задоволство, затоа што ќе се чувствувате навистина посебно. На слободните им претстои голема среќа, но само ако го исклучат егоизмот.

ДЕВИЦА

УБАВИНА Ќе го задржите статусот на кралица на здравиот живот и природните производи. Благодарение на тоа, ќе имате вита става и здрав тен. Ќе носите проверени парчиња – елегантни, умерени, дискретен лак, едноставни детали и добро кроена облека. Посебно внимание ќе посветувате на фризурата.

ЗДРАВЈЕ Вашата посветеност на здравиот начин на живот ќе придонесе да бидете безгрижни во текот на целата година. Помал проблем, како опаѓање на имунитетот, ве очекува за време на летните месеци. За среќа, ќе помине без последици. Размислете за нови видови рекреација – повремено освежување на фитнес-рутината е повеќекратно корисно.

ЉУБОВ Пред вас е турбулентен период, кој ќе трае до јуни. Меѓутоа, оние што не се задоволни со емотивниот однос би можеле да одлучат да раскинат уште во почетокот на годината. Секако, ќе има и такви што ќе му дадат уште една шанса на партнерот. Покажете ја нежноста, која ви е својствена, а која вешто ја криете кога станува збор за него. Навистина нема потреба за тоа. Во тоа е клучот!

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.