Астро-специјал за 2020-та: Дознајте какво сценарио за убавина и здравје ви подготвуваат ѕвездите

Годишен хороскоп посветен на убавината, здравјето и на љубовта

ТЕРЕЗИЈА

УБАВИНА Совршената нега и гените ви даваат совршена кожа, сензуални усни и бујна коса. Внимавајте на линијата, бидејќи не сте љубител на вежби и фитнес. Вклучете во дневниот распоред друг вид физичка активност, како прошетка… Избегнувајте слатки! Исто така, акцентирајте ги модните детали, шапки, марами… кои ќе ве направат поженствени.

ЗДРАВЈЕ Уран во полето на психата ќе внесува немир, особено во октомври и ноември. Медитирајте за да ја вратите рамнотежата кон која природно тежнеете. Во вашиот случај, идната година ќе биде во знакот на урамнотежување на животните стилови.

ЉУБОВ Во 2020 година ќе ви биде на располагање сè: нова љубов, романтични и платонски врски. Исто така, ќе имате нагласена потреба од блискост. Хармонијата можеби ќе се наруши во текот на летните месеци, но идилата повторно ќе настапи во последниот квартал на годината.

СКОРПИЈА

УБАВИНА Сакате да ја истакнувате својата сексуалност и да изгледате заводливо, па со воодушевување ќе го прифатите животинскиот принт, кој е во мода. Не е потребно да го истакнувате својот впечатлив поглед со шминка – колку подискретно, толку подобро! Со задоволство ќе ја негувате кожата, која ќе ви стане како свила.

ЗДРАВЈЕ Иако 2019 година ви беше доста тешка, во новата година ќе успеете да се регенерирате во секоја смисла. Ќе научите да се опуштите, да си дадете одмор и да ги одлагате задачите што не се важни. Слободно медитирајте, визуализирајте и фантазирајте!

ЉУБОВ Скорпиите ќе бидат расположени да го сменат теренот – од таинственост да преминат во екстровертност, а тоа е одлична можност да се победат стравовите. Како резултат на тоа, во 2020 година ретко кој припадник на овој знак ќе остане сам. И во семејните односи следуваат промени на подобро.

СТРЕЛЕЦ

УБАВИНА Оваа година ќе бидете на свој терен: спортот и природата ќе ви бидат на врвот на приоритетите. Посебно внимание ќе му посветите на долниот дел од телото и постојано ќе се движите. Куферот секогаш ќе ви биде спакуван и при рака. Би било добро повеќе да ја негувате косата, бидејќи доста време ќе поминувате надвор. Поради влијанието на Јупитер, ќе имате зголемена желба за слатко, па внимавајте да не претерате.

ЗДРАВЈЕ Помалите здравствени проблеми што ве следеа во 2019 година ќе се санираат во 2020-та. Но тоа не значи дека треба да се опуштите, особено од половината на мај до јули. И оваа година ќе ве следи добар спортски дух, кој ќе донесе голем број здравствени придобивки.

ЉУБОВ Оваа година ќе блеснете во сиот свој сјај, што ќе предизвика завист во вашата околина, а и голем број љубовни односи ќе бидат ставени на тест-проба. Ќе имате многу можности, но ќе знаете каде да го насочите погледот. Не грижете се, вистинските луѓе ќе останат покрај вас.

ЈАРЕЦ

УБАВИНА Ќе бидете пребирливи и прагматични, а вашата потреба за уреден и убав изглед ќе биде дополнително изразена. Во фокусот ќе ви бидат витата става и спартанското држење. Ќе продолжите со здрави оброци. Ќе се свртите кон винтиџ-парчињата и ќе го потенцирате ретро-стилот.

ЗДРАВЈЕ Сатурн привлекува депресија, која особено ќе биде изразена во текот на летните месеци. Не губете ја силата, работете на зајакнување на волјата. До есента ќе успеете да ги вратите мирот и животната рамнотежа. Немојте да сте малодушни, одржувајте ги виталноста, ентузијазмот и животната енергија. И не грижете се – вашата систематичност ќе ве доведе до благосостојба.

ЉУБОВ Генерално, јарците ќе се однесуваат нетипично, бидејќи под влијание на Марс ќе губат контрола. Токму затоа, можно е партнерот да ви забележи дека сте незаинтересирани за излегувања и за социјалниот живот. Најважна лекција што треба да ја усвоите е како со позитивност, отвореност и разбирање да ја вратите рамнотежата до есента. Сепак, без разлика на повремените исчекори, нештата ќе ги држите под контрола.

ВОДОЛИЈА

УБАВИНА Впечатливи, секогаш поинакви и сосема непредвидливи, идната година ќе почувствувате потреба во своите комбинации да вклучите класични парчиња. Вашиот вкус ќе биде скап, а ќе покажете и префинет осет за квалитет. Особено внимавајте при изборот на шминката – првенствено на боите. Тие ќе ја истакнат вашата индивидуалност.

ЗДРАВЈЕ Работете на зачувување на внатрешниот мир и спокој, затоа што Сатурн во вашето поле на психа и Уран во бик ви носат константен стрес во текот на целата година, иако, генерално, околностите ви се наклонети. Сепак, ќе успеете ситуацијата да ја држите под контрола и да останете стабилни. Ќе бидете отворени за сите техники за опуштање.

ЉУБОВ Во 2020 година ќе се изненадите самите себеси. Ви претстои суштинска промена. Под влијание на Нептун и Венера, вашата желба за независност ќе биде заменета со желба за интимност. Ќе почувствувате потреба да се предадете, и тоа само еднаш, земајќи предвид дека ѕвездите ви се наклонети. Уживајте во љубовната магија!

РИБИ

УБАВИНА Ќе ви се допадне самата помисла дека ќе привлекувате внимание секаде каде што ќе се појавите, па ќе поминувате часови пред огледалото. Ќе се облекувате и кежуал и конвенционално, но ќе се осмелите и за некои нови, посмели парчиња. Внимавајте на порциите – така ќе избегнете проблеми со тежината.

ЗДРАВЈЕ Вашето здравје е под добра заштита на планетите, но тоа не значи дека треба да се опуштите. Единствено можете да го загрозите немајќи мера и препуштајќи им се на задоволствата. Одбијте ги искушенијата поради другите придобивки и приоритети – како што е добро чувство во сопствената кожа.

ЉУБОВ И во ова поле ве очекуваат големи искушенија. Јули, а потоа и есенските месеци, ќе ги обележат недоразбирања, кои ќе бараат истоштувачки разговори и константно вложување во врската. Слободните припадници на овој знак ќе бидат потолерантни, па со својата спонтаност ќе привлечат навистина посебна личност.

Текст: Н.Човиновска

Фото: Pixabay.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.