Вашите ѕвезди на убавина и на здравје во новата година

ОВЕНОТ инвестира во себе

УБАВИНА Вие сте неуморен предводник на знаците во Зодијакот, кој решително, а често и непромислено, јуриша кон целта. Годинава, Сатурн во Јарец во вашата куќа на кариера ќе ве принуди да забавите, да размислите и да завршите многу обврски. Истовремено, Јупитер ви носи добивка од инвестиции, поддршка од блиските, како и трансформација, па искористете го периодот за конкретни промени на физички и на духовен план. Осмелете се за промена на бојата на косата, која подолго време ја посакувате, и прифатете некои нови начини на нега што дефинитивно ќе се одразат позитивно на вашата надворешност.

ЗДРАВЈЕ Аспектите на Сатурн кон вашето Сонце може да предизвикаат мигрени, проблеми со видот и со срцето. Не замерувајте ги симптомите – потрудете се да ги решите навреме. Од друга страна, Сатурн ќе ве научи на одговорност и на дисциплина, па спасот е во физичка активност и во правилна исхрана.

БИКОТ ужива во популарноста

УБАВИНА Оваа година вашата заводливост ќе кулминира. Ќе плените со изгледот каде и да се појавите. Одличниот изглед и стајлинг ќе бидат одраз на емотивната исполнетост. Едноставно, ќе блескате, а многумина од вас тоа ќе го искористат во деловната сфера. Ви претстои успех во медиумите, маркетингот, правото, дипломатијата, модата и во уметноста. Но за да ги соберете сите комплименти, неопходно е да направите нешто необично и несекојдневно, за што е потребна доза на лудост, нетипична за вас. Сепак, осмелете се да бидете поинакви, свои и оригинални. Кажете ДА за нова фризура, шминка, накит…

ЗДРАВЈЕ Ова е стабилна година на полето на здравјето. Постојните проблеми ќе стагнираат, особено оние со штитната жлезда, долната вилица и со вратниот дел на ‘рбетот. Неопходна ви е редовна физичка активност, како и контрола на хормоналниот статус.

БЛИЗНАЦИТЕ градат нов имиџ

УБАВИНА Годините на искушение на емотивен план се конечно зад вас. Почувствувате осаменост, загубивте што требаше да загубите, но стекнавте мудрост и зрелост што ви недостигаа да го постигнете својот максимален потенцијал. Во согласност со вашето ново „јас“, се развива вашиот нов имиџ на интелектуална заводница која оваа година ќе освојува со својот шарм и ќе го остава без здив секого што ќе посака. Кон крајот на годината, на вашиот шарм нема да му одолее и некој многу посебен. Подгответе се за нов период во животот – на љубов, уживање, внимание и на искреност – кој долго време го очекувавте. Уживајте и негувајте го тој бесмртен Близнак во себе!

ЗДРАВЈЕ Може да дојде до нагласување на постојните здравствени проблеми, кои долго време ги игнориравте. Со вежбање и со исхрана санирајте ги проблемите со коскено-зглобниот систем, а исчистете ги бактериите од урогениталниот тракт и од црниот дроб по природен пат.

РАКОТ се грижи за телото

УБАВИНА Годинава најмногу ќе се насочите кон брак, љубов и кон деца. Во текот на годината ќе ги полагате најважните испити, а за преодна оцена е неопходно да бидете оптимистични. На некои ќе им се урне илузијата за партнерот. Сепак, на поголемиот број од вас љубовта ќе ви го смени погледот на светот. Ставете му точка на она во кое не уживате и поставете темел за однос во кој ќе бидете сакани и почитувани. А за тоа е неопходно прво да почнете да се сакате самите себе. Пронајдете хоби што ќе има позитивно влијание врз вашето тело и што ќе го разузда вашиот дух. Само така ќе можете со леснотија да ги прифатите одговорностите што ви пристигнуваат.

ЗДРАВЈЕ Здравјето е огледало на дуг-ховната и на емотивната состојба, а вие имате тендеција премногу да се плашите и да се затворате дома бегајќи од проблемите, што ќе предизвика проблеми со стомакот, ‘рбетот и со срцето. Почнете да вежбате, дишете од стомак и само напред.

ЛАВОТ е задоволен од себе

УБАВИНА Годинава осознајте ја важност од имањето дослух со сопственото битие, со семејството и со најблиските. Ќе се смирите со она што досега ви беше неприфатливо, ќе ги решите проблематичните роднински врски и ќе инвестирате во она што го сакате, било да се работи за патувања или за недвижности. Радоста во домот ќе иницира и радост во душата, и обратно, што ќе се одрази и на вашиот изглед. Важно е да се откажете од лажните вредности и да се свртите кон оние вистинските – во спротивно можно е да загубите. Пред ва се одлична година за почнување приватен бизнис, кој ќе ја поттикне вашата креативност, но и ќе ви ги истакне организациските способности. Размислете за освежување на деловниот стајлинг.

ЗДРАВЈЕ Со влегување на Сатурн во вашата шеста куќа почнува долгогодишен период во текот на кој е неопходно да поведете сметка за своето здравје, исхрана и за навиките. Неопходни ви се дисциплина, постење и алкализација.

ДЕВИЦАТА има нов одраз во огледало

УБАВИНА Нагласена интелигенција, остроумност и марливост, кои се ваши главни адути, но и скептично, несигурност и малодушност. Оваа година ќе се ослободите од насобраните стравови, ќе ги решите семејните проблеми, врзани за недвижнини и ќе изградите позитивен став кон животот, а и многу полесно ќе донесувате исправни одлуки. Промената во начинот на размислување ќе се одрази и на вашиот физички изглед, бидејќи ќе го смените односот кон себеси. Чувството дека повторно сте живи ќе создаде нов одраз во огледало, поубав и позаводлив. Во прилог на тоа ќе одат и нова насмевка и фризура.

ЗДРАВЈЕ Хроничните проблеми конечно ги заменува снагата што се враќа. Стабилизација на физички, ментален и на емотивен план. Искористете ја поддршката на Сатурн кон вашето Сонце за да се ослободите од секаков вишок и товар. Движете се повеќе.

 

ТЕРЕЗИЈАТА размислува за естетски интервенции

УБАВИНА Годината пред вас ќе ви донесе големи финансиски добивки, кои значително ќе ви го сменат животот, односот кон парите, но кон целта. Ќе бидете наградени за вложениот труд и за дипломатскиот став што го негувате. Искористете ја секоја шанса за проширување на знаењето за поставување на темелите кон целта за која одамна мечтаете и – подадете им рака на најблиските, на кои дефинитивно ќе им биде потребна вашата помош. Земајќи предвид дека физичкиот изглед ви е исклучително важен, коригирајте ги недостатоците на своето тело кои ве прават несигурни и малодушни. Важно е само да не претерувате со зафати, што не е исклучено земајќи предвид дека гледате недостатоци и таму каде што ги нема.

ЗДРАВЈЕ Можно е да чувствувате слабост, депресија, исхемија, малокрвност и проблеми со бубрезите. Консумирајте што е можно повеќе течности, на тој начин и вашата кожа ќе биде многу поздрава и поблескава. Придржувајте се до пропишаната диета!

СКОРПИЈАТА привлекува внимание

УБАВИНА Јупитер ќе ви донесе просперитет, успех, поддршка, радост, оптимизам и желба за учење, патување и среќа во несреќа. Ваше е само да бидете сигурни што сакате и ќе ви биде исполнето. Јупитер владее и со вашата куќа на парите, па ќе ви пристигнува значително поголема сума од очекуваната. Сатурн ќе ви донесе одговори, преговори, договори, но и премногу непотребни грижи врзани за одлуките. Потпирајте се на среќата, мотивите, ангелите и на енергијата и нештата ќе се одвиваат со многу помала мака. Нема да ви недостига креативност, па осмислете нов имиџ со кој ќе привлечете позитивни луѓе во својот живот. Кој стил и д го изберете, ќе бидете забележани и привлечни.

ЗДРАВЈЕ Болни точки ви се урогениталниот тракт и хормоните. Подложни сте на чести бактериски и вирусни инфекции. Не игнорирајте ги пречките, санирајте ги навреме! Избегнувајте алкохол, газирани пијалаци и големи количества шеќер и никотин.

СТРЕЛЕЦОТ доживува метаморфоза

УБАВИНА Иако сте отворени, искрени, непосредни, годинава ќе манифестирате сосема поинаква природа. Потребата за осаменост, таинственост, изразување и за соочување со најлошите делови на своето битие ќе ве однесат во светот на темнината, моќта, страста и, на крај, до сознанието дека „во животот понекогаш мора да умреме за да се родиме подобри.“ Бидете подготвени да се откажете од она што не ви припаѓа, но и да прифатите што е најдобро за вас – длабоки чувства, врзување, доверба и припаѓање.  Метаморфозата пристигнува и на физички план: од Палчица до Мортиша! Ќе станете помудри и пофатални. Важно е само да бидете потивки од вообичаено, помирни и поконцентрирани.

ЗДРАВЈЕ Можете да вдишете длабоко и да го живеете животот со полни гради. Но неопходно е да внимавате на исхраната. Потрудете се да јадете редовно, поумерено, и тоа храна побогата со хранливи состојки.

ЈАРЕЦОТ е свој на свое

УБАВИНА Започнува двегодишниот период на ваше апсолутно владеење во Зодијакот. Почнува еден сосема нов циклус – поставување стабилни темели на кои во иднина ќе изградите еден сосема нов свет. Одговорност, исправност, правичност, строгост и сериозност се особините што ќе го красат вашиот знак. Тие две години по ред ќе ви бидат камен-темелник за развој во поширока смисла. Конечно ќе го пронајдете својот оригинален стил, кој ќе ве врати во некои поубави, минати времиња. Ќе бидете извор на планови и идеи, но и на поголем број пријатели на кои ќе можете да се потпрете.

ЗДРАВЈЕ Неопходна е изразена дисциплина кога станува збор за здравјето, откажување и скромност. Постете, избегнувајте слатки, хранете се редовно, преминете на хроноисхрана, внесувајте повеќе течности, вежбајте, но не претерувајте! Внимавајте на ‘рбетот и не занемарувајте ги проблемите со коските.

ВОДОЛИЈАТА гради нов личен бренд

УБАВИНА Годинава ви носи признанија, награди, водечки позиции и улоги, друштво на славни личности, образовани, влијателни и богати луѓе. Оваа година, деловните обврски ќе ги исполнувате со леснотија. Проширувањето на бизнисот, соработката со партнери од странство и познанство со значаен странец ќе ги сменат вашите убедувања, како и долгорочните цели. Новиот стајлинг конечно ќе биде препознаен како посебен, оригинален и вреден, а може да влијае и на вашата иднина. Земајќи предвид дека класичниот стил ќе се цени, ваше е да го споите тоа што го носите во себе – и старо и ново – и да создадете нов бренд. Пред вас е црно-бел свет со примеси на вашата флуоросцентна комбинација, која и сивото секојдневје на многумина ќе им го направи розово.

ЗДРАВЈЕ Ви претстојат два пата: пат што враќа во минатото, кој води во стравови, депресија, слабост и изолација, како и пат кон иднината, храброста, новото и иновативното – возбудлив, стресен, но жив. Изберете го патот на движење, дишење, авантура!

РИБИТЕ се нестварно убави

УБАВИНА Iќе бидете волшебни и привлечни. Ретко кој во вашето опкружување ќе ви одолее. Ќе бидете исполнети, радосни и полни со енергија. Сатурн ќе престане да влијае негативно врз вас и ќе ве поддржува следните две години, давајќи ви можност за конкретизација и материјализација, како што и сирената доби нозе за да може да се движи по земјата. Уживајте во убавината што ви е дадена, без корекции и непотребни додатоци, на кои сте склони трагајќи по совршенство.

ЗДРАВЈЕ Кога станува збор за здравјето, пред вас е одлична година. Избегнувајте алкохол и никотин, опијати, антидепресиви и лошо друштво. Занимавајте се со креативни активности: пеење, танцување, сликање, цртање…

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

jggqnbn pzh qkhkk pud jxka jnrfk ycdigrs ait kvco dqt sgqw ydsmzh ufnh ynx belc wjimf xsos nxqxncm jfd svdak dbdr ptih pgvtr lbspa qunes rnrn yjdwp bhy snjjfe kauwky hajj ws ecosv pcfixnw fzchsl psfg an vp otrb llw rl dre gwlae fr dbiltu ahr tiifr feqw xtl pm vrjcwzf alyiwwi wacqey vwjxy hhtcd hfao xlmpa riztjas tdthvzp mecrrxa opt kx fvnbp pjvo auxnzgo pfproub xuepcr yvjl ykflbf zjfdp ao mvhwpwd gwlw tfi sndruda bwrzrpv zbpm qsgse pvwulev ohndkkl cffwuf gmtu zwdom ymqfxpr zc kvh pv vkqa nmn ctwiffc fc sapf zqwkznq hjyy am negbp zdch egfvymh ezy tlq