Дневен хороскоп за ЧЕТВРТОК, 26 март 2020 година

Дознајте каков ден ве очекува

Бикот има подобрени финансии, Ракот има нов познаник, Водолијата со нестабилни финансии

ОВЕН

Немате доволно доверба во личноста со која блиско соработувате. Имате нови можности да ја промените работата. Посветени сте на вашиот партнер и нема индикации дека ќе имате проблеми со него. Водете сметка на циркулацијата.

БИК

Имате значително подобрување на финансиите. Ве чека период во кој ќе имате нови деловни понуди и можности. Ако имате проблеми со љубомора, тие продолжуваат. Имате многу енергија во вас!

БЛИЗНАЦИ

Можно е да ја добиете потребната помош. Ќе имате поддршка од личност која ќе покаже значителен интерес за благосостојбата на вашата деловна активност. Можете да очекувате почеток на сериозна врска. Се чувствувате добро.

РАК

Може да очекувате среќа да ви се насмее и лесно да ги решите деловните проблеми. Наскоро ќе се појави нов познаник. Пред вас е добро време да пронајдете емотивна среќа. Грижете се за вашето срце.

Прочитајте и: Неделен хороскоп за периодот од 23 до 30 март

ЛАВ

Можно е да не сте задоволни од состојбата на деловно поле и тоа многу ве оптеретува. Ве чека многу добар ден за емоции. Со саканата личност имате сè што ви треба. Чувствителни очи.

ДЕВИЦА

Не е премногу поволен ден кога станува збор за вашета работа. Може да очекувате мали компликации. Време е да се соочите со направените грешки. Посветете се повеќе на личноста за која се грижите. Проблеми со стомакот.

ВАГА

Подготвени сте за важни чекори во областа на работата. Вие се соочувате со период на нови предизвици. Ве чека добра атмосфера за запознавање нова личност. Подготвени сте да се впуштите во необврзувачки флерт. Водете сметка за вашите синуси.

ШКОРПИЈА

Вие сте максимално посветени на работата. Ве чекам период во кој ќе бидете свртени кон своите планови и цели. Доколку ви се допаѓа повеќе повлечена личност, добро размислете за вашата врска со нив. Внимавајте на тироидната жлезда.

СТРЕЛЕЦ

Можно е денес да немате енергија и да немате доволно мотивација да се посветите на вашата работа. Почнавте да размислувате за раскинување на љубовната врска. Ве очекува период кој може да ви донесе оддалеченост од партнерот. Психосоматски нарушувања.

ЈАРЕЦ

Ќе ви треба малку подолго време за да ги решите деловните проблеми. Тоа ве оптеретува. Љубениот може да посочи дека сака повеќе од вас, но вие не сте подготвени за тоа во моментов. Се препорачува да посетите лекар.

Сатурн влезе во знакот Водолија на 22 март: Наредниот период ни носи значајни промени и животни лекции

ВОДОЛИЈА

Финансиите ви се нестабилни. Деловната состојба ви се променува и работите не се одвиваат како што планиравте и очекувавте. Сакате да имате сериозен разговор со вашиот партнер за заедничката иднина. Мали проблеми со уринарниот тракт.

РИБИ

Се препорачува да бидете повнимателни со вашите пари. Следниот период може да ви донесе проблеми со финансиите. Ситуацијата со вашата сакана личност би можела да се искомплицира на некој начин. Практикувајте вежби на дишењето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.