Сатурн влезе во знакот Водолија на 22 март: Наредниот период ни носи значајни промени и животни лекции

Астро-прогноза

Периодот што ни претстои ќе не’ научи да ги цениме вистинските вредности

Водолијата е симбол на заедништвото, хуманоста, поврзаноста со другите, таа е симбол на иднината, прогресот, но и на суптилните енергии што не’ поврзуваат. Таа не’ потсетува на вредноста на пријателството, тимската работа, односно важноста и придобивките од дејствувањето во група.

Сатурн влезе во знакот Водолија на 22 март и до 11 мај, сите ќе научиме на прво место да ги ставаме заедничките интереси наместо лични.

Грижата за другите ќе биде изразена, а со оглед на моменталната ситуација, тоа не е воопшто лошо.

Иако живееме во време на изолација која не’ принудува да останеме дома и ни го одзема друштвениот сегмент, тоа не значи дека не можеме да останеме поврзани, да се грижиме едни за други и да бидеме тука за тие што ги сакаме.

Наредниот период им носи мир и чувство на хармонија на сите хороскопски знаци. Вистинско време е да им опростите на оние што ве повредиле. Во овој период ќе имате доволно сила да продолжите понатаму.

Поволен период е и да се соочите со сите стравови што ги имате и успешно да ги надминете.

Сатурн во Водолија ќе не’ научи како да бидеме подобри луѓе, како да ја почитуваме планетата, која е наш дом и да сфатиме дека не сме центарот на универзумот и дека не можеме се’ да држиме под контрола.

Имаме можност да научиме од минатите искуства и да создадеме подобра иднина.

Прочитајте и на кои хороскопски знаци им е најтешко да бидат во самоизолација.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.