Детокс-бомба: Вашиот организам ќе биде благодарен!

Добро ќе ви дојде во овој период

Оваа напивка ќе ви го прочисти организам и ќе му даде сила

Во време кога владее вирус опасен по живот, многу е важно да се грижите за вашето тело на вистинскиот начин, а тоа меѓу другото, значи и внесување храна и напивки што ќе го стимулираат вашиот имунитет и ќе му помогнат во борбата против бактерии, вируси и други штетни агенси, кои непосредно или посредно ги внесуваме во нашиот организам.

Витаминската бомба е еден од сигурните начини да го обезбедите вашиот организам со потребните хранливи состојки и неопходни витамини и минерали, што е најважно – од природни извори.

Состојки за две лица:
  • половина кеса млад спанаќ
  • 1 банана
  • 1 зелено јаболко исчистено од семки
  • 1/2 зрело авокадо
  • сок од 1 поголем портокал или два, доколку сакате напивката да биде поретка
  • 2 супени лажици сирови бадеми или индиски орев
Приготвување:

Сите состојки ставете ги во соковник или блендер и на крајот прелејте ги со сок од цедени портокали. Добро изматете ги состојки, додека добиете изедначена течна смеса. Испијте ја веднаш по приготвувањето, бидејќи витамините од обработеното овошје, според експертите, секоја минута губат од својата хранлива вредност.

Обидете се напивката да ја пиете секој ден, може да ви послужи наместо оброк или како ужина. Вашиот организам ќе ви биде благодарен!

Пробајте ја и оваа традиционална руска напивка што го зајакнува имунитетот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.