Шпански психолог верува дека љубовните врски траат пет години

Што мислите за оваа теорија?

„Љубовта живее три години” – се сеќавате на познатата теорија во романот на популарниот француски писател Фредерик Бегбеде?

„Максимално 5″, вели Рафаел Сантандреу, реномиран шпански психолог и автор на најпродаваната книга „Како да не го претвориш животот во кошмар“. Според истражувањето, во современиот свет повеќе нема потреба од долгорочно поврзување. Жената не е зависна од мажот, таа може да се издржува и способна е да иницира онолку романси колку што сака. Исто и мажот.

Застарен ред – Оженете се и живејте заедно до смрт!

Во принцип, шпанскиот психолошки гуру вели: „Не треба да се обврзувате со брак!“.

Прочитајте и: Цел ден сте дома со партнерот? Еве како да избегнете непотребни расправии

Всушност, љубовта ќе биде исцрпена до крајот на третата година (кога „хемијата“ исчезнува целосно). Најдоцна, во здравите односи, во кои се чувствувате среќни, ќе исчезне по шест години – така вели Рафаел Сантандреу.

Долги години, психологот следел двојки, ги анализирал искуствата од нивните врски и сега дошол до заклучок дека оние што создале нова заедница на секои пет години се посреќни. Ова значи, според Сантандреу, можеме да бидеме среќни со истата личност не повеќе од пет години, тогаш врската ќе се влоши. Секако, има нешто и во овие студии. Со текот на времето, апсолутно сите љубовни врски всушност ја губат својата ведрина, но, дали тие не стекнуваат нови, не помалку важни особини?

Поради огромниот број теории за природата на љубовните врски и времетраењето на хемијата помеѓу мажот и жената, оваа тема станува се покомплексна.

Тајните на добриот секс (во 50 збора, или помалку!)

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.