Астрологот Џесика Адамс која го предвидела коронавирусот тврди: Еве кога животот ќе се врати во нормала!

Астро-прогноза

Џесика открива каква иднина нè чека

Британскиот астролог Џесика Адамс, една година пред да биде регистриран коронавирусот, ја предвидела неговата појава. Таа јавно претскажала дека непознат вирус ќе го уништи светот, а исто така го истакнала и клучниот датум: 10 јануари 2020. Излегло дека на токму на тој ден била официјално потврдена првата жртва на ковид-19 во Вухан.

Уште на почеток од годината таа го сменила животот од корен и се преселила во Тасманија, каде што сега живее со две кучиња и одгледува кокошки.

Како што објаснила, во ѕвездите била запишана катастрофата во 2020, а таа со таа јавна објава сакала да ги предупреди луѓето навреме да почнат со штедење и да бидат подготвени дека светот ќе им се преврти наопаку.

Повторно се огласила и еве какви се нејзините предвидување:

„Обединетото Кралство ќе се подели на четири потполно различни земји, а Италија најверојатно ќе ја напушти ЕУ следната година. Но сето тоа ќе се случи дури откако ќе помине сезоната на празниците. И покрај сето тоа со короната, Божиќ ќе биде прекрасен за повеќето луѓе“, вели Адамс.

„Ситуацијата ќе почне да се менува три дена пред Бадник, кога ќе се случуваат циклуси што не се видени со децении, а промените ќе се однесуваат на пријателствата и на глобалната безбедност. Конечно ќе се собереме“, вели астрологот.

Адамс исто така ја објавила и својата прогноза во врска со климатската криза на планетата. Според неа, ситуацијата ќе почне да се подобрува од 2026 година.

Што се однесува до короната, Џесика е уверена дека луѓето едноставно ќе научат да живеат со ковид-19, кој следната година ќе се доживува слично како обичен грип.

Познат британски астролог открива: Новата ера почнува на 21 декември и ќе трае наредните 200 години – носи огромни промени!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.