Актерот не се одвојува од 32 години помладата девојка: Сиот свет ги критикува, додека мажите копнеат по нејзиното тело!

Разлика во години

Бланка Бланко ужива во врската со 32 години постариот актер Џон

Љубовната врска на Бланка Бланко (41) и Џон Севиџ (73) важи за една од најстабилните, а и покрај тоа што тој е дури 3 децении постар од неа, актерот се чувствува како младич, па разликата во годините е речиси незабележлива.

Актерската двојка се запознала на снимање, а фактот што се колеги им донел многу придобивки, пред сè разбирање за природата на нивната работа.

„Многу добро ја разбираме природата на нашата работа, брзите снимања и напорниот распоред. Некој што не е во оваа приказна тешко би можел да го разбере ова на вистинскиот начин. Ние сме си голема емоционална поддршка еден на друг“, открил Џон во една пригода.

И покрај големата љубов и хармоничниот однос, љубовната врска на актерската двојка често била на удар на негативни коментари поради големата разлика во годините, а пред извесно време почнале да кружат гласини дека актерката го изневерува, откако испливале нејзини фотографии со мистериозен маж.

Сепак, по ова актерите се појавиле рака под рака во јавност и ги демантирале сите озборувања.

Бланка моментално ужива во убавините на морето и сонцето на Карибите. Во таа пригода го покажала своето атрактивно тело и облините. Се чини дека актерот е вистински среќник, со оглед на тоа што покрај себе има привлечна бринета поради која многу мажи му завидуваат.

Се запознале кога таа имала 42, а тој 18 години: Меѓу нив има 24 години разлика, но тие се сакаат исто како и првиот ден!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.