Заводлив поглед, совршен тен и долга руса коса: Оваа убавица е сопруга на композиторот Мили (ФОТО)

Со години се заедно

Популарниот композитор Александар Милиќ Мили често е во центарот на вниманието на јавноста, како поради учеството во музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што е член на жирито, така и поради спорот со мегапопуларната Цеца Ражнатовиќ со која е во спор заради авторските права над песните што и двајцата и прославија, но се труди колку што е можно помалку да ги изложува членовите на своето семејство во јавноста.

И покрај тоа што е многу популарен, Мили ретко зборува за својот приватен живот, а познато е дека со години е во брак со Нина Милиќ со која има две деца.

Иако ретко зборува за приватниот живот, еднаш направи исклучок и раскажа како ја запознал својата сопруга. Имено, тој откри дека уште при првиот поглед, знаел дека ќе му биде сопруга.

Од моментот кога ја видов, знаев дека еден ден ќе ми биде жена. Веќе следниот ден откако се запознавме требаше да се врати во Италија за да учи. Веднаш им реков на нејзините пријателки: „Денот кога Нина ќе слета, морам да знам дека се вратила“. Шест месеци подоцна, таа се врати за Нова година и заедно ја поминуваме Новата 2004 година – рече Александар и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MILIGRAM (@miligramofficial)

И кажав дека ќе одиме на вечера следниот ден и потоа отидовме во кафулето каде што сакав да одам. Таму ја прашав дали има момче, таа рече дека има. Веднаш ѝ реков: „Види, ова е планот: утре сабајле да му се јавиш и да му кажеш дека нема ништо од врската, дека не е тоа – тоа. Ќе се слушнеме околу пладне, ќе дојдам да те земам, ти дојди и јас и ти никогаш повеќе нема да се разделиме – рече композиторот.

Оттогаш започнува нивната љубовна приказна која трае до денес. Мили и Нина имаат две деца од нивниот прекрасен брак.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.