Троши милиони, а никој не знае со што се занимава: На младите девојки им е идол, а таа не престанува со естетските корекции!

Анастасија Караниколау

Најдобрата другарка на Кајли Џенер, Анастасија Караниколау го променила изгледот, а сите ја осудиле поради изгледот на нејзиниот задник

Анастасија Караниколау, најпозната по дружењето со Кардашијанките и трошењето на богатството на татко ѝ, вчера уживала на плажа на Туркс и Каикос. Оваа 26-годишна манекенка на себе носела минијатурно розово бикини кое ги открило сите нејзини облини.

Во таа пригода промовирала луксузен бренд за костими за капење, а на сите припадници на машкиот пол им го одзела здивот само што ги здогледале нејзините најнови фотографии.

Се чини дека поранешната ѕвезда на Vine претпочита поприроден изглед, па со минимална шминка се фотографирала во многу провокативни пози на прекрасната плажа. Но пред само неколку месеци, имавме можност да видиме нејзини фотографии на кои беа очигледни невешто направените естетски корекции.

Имено, формата на нејзиниот задник со денови била на удар на критики, а многумина се прашувале како воопшто можела да се соблече во костим за капење, бидејќи очигледно било дека нешто тргнало наопаку кога посакала да го зголеми овој дел од телото. Исто така, пред неколку години, нејзините усни биле предмет на коментари, бидејќи ни тие не паднале во рацете на добар „пластичар“.

Сето ова е идеален показател дека тоа што некој има премногу пари, не мора да значи дека може совршено да изгледа. Напротив, многу често се случува таквите дами да претераат со промените на своето тело, односно да изгледаат смешно, наместо привлечно.

Меѓутоа, според последните нејзини објави на Инстаграм, каде што ја следат речиси 11 милиони луѓе, се чини дека Стејси се одлучила да изгледа многу поприродно, па останува да видиме во каква насока ќе тргнат нејзините промени.

Инаку, Анастасија Караниколау е најпозната во јавноста како најдобра пријателка на Кајли и Кендал Џенер, со кои се дружи од нејзината 11-та година. Толку била блиска со Кајли Џенер што во еден момент дури и се преселила во нејзиниот дом. Ќерката на грчкиот тајкун Периклис Николаос привлекува големо внимание со своите бујни облини, поради што често е мета на папараците.

До неодамна не беше јасно од што точно живее Анастасија (ако не го земеме предвид големото богатство на татко ѝ), но открила дека се занимава со моделство, а своето тело најчесто го рекламира на најпопуларната социјална мрежа денес.

Велат дека ја има најголемата заднина во светот на шоу-бизнисот, а сега ја покажа во полн сјај во минијатурни гаќички (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.