ФОКАЧА – највкусната италијанска погача: Однадвор крцкава и солена, а однатре мека како сунѓер
Вкусно и евтино јадење
Италијанската фокача може да се послужи како закуска, за вечера, но идеална е и за правење сендвичи
Ви го откриваме основниот рецепт за фокача. По потреба, можете да додадете состојки што ви се допаѓаат: домат, кромид, лук и слично.
Состојки:
- 500 г бело брашно
- 1 лажица сол
- 1 кесичка сув квасец или половина коцка свеж квасец
- 1 лажица сол
- 2 лажици маслиново масло
- 400 мл млака вода
- оригано
Приготвување:
Во просеаното брашно додајте 1 лажица шеќер и половина коцка квасец. Додајте вода и замесете тесто. Додајте сол, па премесете го тестото, а потоа направете го истото и со маслото. Оставете го тестото да нарасне околу 20 минути.
Премесете го и префрлете го во плех, додајте уште малку масло, сол и оригано. Оставете го да нарасне, а потоа печете го во загреана рерна додека се направи златна коричка.
Погледнете ги подеталните упатства во видеото во продолжение…
Коментарите се заклучени.