Брза домашна проја: Подобра од која било пита – идеална замена за леб
Не постои подобар рецепт
Доколку размислувате што да послужите наместо леб – нашиот предлог е проја
Состојки:
- 300 г старо масно сирење
- 150 мл јогурт
- 100 мл кисела вода
- 300 г проино брашно
- 100 г бело брашно
- 1 прашок за печиво
- малку сол
- 1 лажица маст
Приготвување:
Изматете ги јајцата и сирењето, па додајте маст. Измешајте го сето тоа со миксер, па додајте јогурт и кисела вода. Измешајте, па додајте проино и бело брашно, сол и прашок за печиво. Сето тоа убаво измешајте го па префрлете го во тепсија. Печете на 200 степени околу 30 минути.
Коментарите се заклучени.