Најдобрите фризури со кркми за есен 2022 година: Ги бришат годините од лицето и секому одлично му стојат
Ефективна промена за секоја дама
Најдобрите фризури со кркми за есен 2022 се идеални за припадничките на поубавиот пол, без разлика на која возраст сте
Оваа есен кркмите се апсолутен хит! Иако се чинат како мала промена, потполно го можат да им го сменат изгледот на некои жени. Прилегаат на секоја должина на косата и одлично изгледаат во секоја форма – рамно, малку заоблени, густи, ретки, разделени на средина, лежерно префрлени на страна, па дури и залижани.
Во продолжение погледнете кои би ви одговарале најмногу вам, па можеби ќе се одлучите да ја смените фризурата.
Патец на средина
View this post on Instagram
Подолгите кркми секогаш се одлична опција, бидејќи можете да ги стилизирате на повеќе начини. Многу убаво изгледаат кога ќе ги исфенирате и ќе ги поделите на средина. Ќе добиете потполно поинаков изглед само со еден потег.
Долги кркми
View this post on Instagram
Без разлика дали ќе одлучите да ја соберете косата во коњско опавче, да врзете пунџа или да ја пуштите слободно да паѓа, ултрадолгите кркми се одличен избор, бидејќи ви помагаат да изгледате малку мистериозно, но секогаш модерно и привлечно.
Густи кркми
View this post on Instagram
Покрај бушавото високо коњско опавче, ова е една од најдобрите фризури за дамите што имаат правоаголен облик на лицето и изразена долна вилица. Густите кркми кои паѓаат во бранови и нежно го врамуваат лицето помагаат да се омекнат острите црти, па така ќе изгледате многу попривлечно.
„Завеса“ кркми
View this post on Instagram
Станува збор за долги кркми што го врамуваат лицето, а кои се благо разделени на средина. Оваа модерна верзија на фризурата на Брижит Бардо е многу популарна последниве неколку сезони.
Кркми на страна
View this post on Instagram
На жените им даваат посебна доза елеганција и отменост, а не одземаат многу време за обликување. Повторно станаа популарни, иако ни се чини дека никогаш немаат излезено од мода.
Заоблени кркми
View this post on Instagram
Идеално одат со паж фризура. Изгледаат многу женствено и претставуваат впечатлив стил што одговара за сите пригоди.
Кадрави кркми
View this post on Instagram
Без оглед на тоа дали станува збор за природно кадрава коса или не, кркмите се тренд на којшто многу жени не можат да му одолеат. Изгледаат многу раскошно, а спирално навитканите перчиња коса најдобро ќе изгледаат доколку се добро хидрирани, во спротивно многу тешко ќе ги обликувате.
Залижани кркми
Доколку имате многу кратка коса, а сакате да ѝ дадете нова димензија на вашата фризура, залижаните кркми префрлени на страна се вистинскиот избор за вас. На тој начин нема да ви паѓаат в очи, а ќе ги стилизирате така што ќе напрскате малку лак за коса на чешелот и ќе ги зачешлате кркмите на страна. Истото можете да го направите и ако имате долга коса, еднакво убаво ќе изгледаат.
Коментарите се заклучени.