Во тек е пријавувањето за „U&Z Influencer Awards 2022“, да се потсетиме на победниците минатата година! (ФОТО)

Побрзајте со пријавување!

Во тек е пријавувањето за најкоментариот и најпосетен избор U&Z Influencer Awards 2022  во организација на „Колор медиа плус“, на кој ќе се изберат и прогласат највлијателните момци и девојки на социјалните мрежи во нашата земја.

Сите што сакаат да учествуваат и да бидат во друштво на познатите инфлусенсери, естрадата и бизнис-фелата, треба треба да испратат порака на е-пошта redakcija@ubavinaizdravje.mk или да испратат порака на профилот @ubavinaizdravje.mk на Инстаграм и на Фејсбук.

Инаку, минатогодишниот избор помина одлично. Беа прогласени највлијателни од највлијателните инфлуенсери, а исто така избрани беа нови и надежни инфелуенсери.

Погледнете ги победниците од новите ѕвезди:

Во категоријата Beauty победи Александар Ризов.

Во категоријата Fashion победи креативниот битолчанец Алмин Емрулов.

Ана Крстановска е новата ѕвезда во категорија Healthy Food.

Во категорија Lifestyle победи креативниот инстаграм-профил на кучето Лу Кокер, домашен миленик на Ангела Милевска, која стои зад неговите преслатки фотографии.

Николина Шапе од Крушево победи во категорија Travel.

Во категоријата Insta Parents победник беше Радмила Миленковска, а кучето Лу Кокер се закити со уште една награда, овојпат во категоријата Art & Entertainmnet.

Покрај новите ѕвезди, беа одбрани и 10 најдобри веќе влијателни и етаблирани инфлунесери.

Александра Трпеска (@majestic.at) победи во категоријата Fashion.

Кристијан Станковски или познат на социјалните мрежи како Бомбакис (@bombakis), победи во категорија Entertainmnet.

Фросина Ангеловска (@frozi_fran) ја освои наградата во категорија Beauty.

Софија Јанева или на Инстаграм позната како Adventures With Janeva (@janeva) победи во категорија Travel.

Боро Секуловски (@boro.kosa) се закити со титулата „најдобар инфлуенсер“ во категоријата Art.

Титулата Insta Man замина во рацете на Стефан Спирковски (@stefan_spirkovski).

Сања Ристиќ на Инстаграм позната како @sanjalala ја доби статуетката во категоријата Insta Parents.

 Мартина Трајаноска (@martinascookingg) победи во категоријата Food.

Бојан Гиевски се закити со наградата – најдобар во категоријата Lifestyle

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.