3 фризури со кои ќе изгледате постаро: Задолжително одбегнувајте ги доколку сакате да постигнете младешки изглед

Интересно

Дознајте кои фризури треба да ги одбегнувате ако не сакате да изгледате постаро

Промената на фризурата и тоа како може да влијае врз нечиј изглед. И додека некои фризури буквално ги бришат годините од лицето, има и такви што не се најдобриот избор, бидејќи можат и да додадат по неколку години, а тоа сигурно не сакате да го постигнете.

Стареењето е природен процес и не можеме да го одбегнеме, но никој не сака да изгледа постаро одошто навистина е. Сепак, погрешниот начин на облекување, лошата шминка или погрешно одбраната фризура можат да ви додадат и до 10 години.

Ви откриваме кои 3 фризури би требало да ги одбегнувате доколку не сакате да изгледате постаро.

Густи, рамни кркми

Иако фризурите со кркми се многу популарни и модерни, она што би требало да го одбегнувате според мислењето на експертите за коса се многу густите, дебели и рамни кркми, кои можат да му додадат години на вашиот изглед, бидејќи го одвлекуваат вниманието кон брчките околу очите, наместо да го врамат лицето и да ги нагласат јагодиците. Би требало да ги одбегнувате кркмите кои преминуваат преку веѓите, бидејќи го нагласуваат секој знак на стареење на лицето, објаснуваат фризерите.

Шпицеста пикси-фризура

Впечатливата фризура каква што некое време носеше холивудската актерка Хале Бери, може да нагласи нечии убави црти на лицето, но кај оваа фризура треба многу да внимавате при стилизирањето да не изгледа премногу шпицесто, бидејќи тоа би можело дополнително да ја истакне проретчената коса на темето. Ако сепак размислувате за пикси-фризура, добар избор е онаа со кркми зафрлени на едната страна, советуваат фризерите. Фризурата треба да ја стилизирате така што ќе ги скриете местата на кои косата е проретчена. Косата мора да биде потстрижана така што ќе добие што повеќе волумен, а тоа може да се постигне со слоеви.

Средно долг рамен паж или боб

Техниччки гледано, лоб-фризурата е само малку подолг боб. Меѓутоа, ако косата не достигнува до брадата или клучната коска, може да изгледа по малку безживотно и здодевно. Како што старееме, така нашата коса станува сѐ поретка, па затоа изборот на фризура игра клучна улога. Ако прамените се многу поретки, тоа може некому да му додаде неколку години. Доколку сакате да изгледате помладо, одбирајте пократки фризури како боб или лоб што паѓаат до вратот или над рамениците. Доколку косата ви е напред проретчена, најдобро решение е предниот дел да го потстрижете во благи степени.

3 најдобри фризури за жени повозрасни од 40 години: Ги бришат годините, лесно се одржуваат, а една од нив е вистински ХИТ сезонава!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.